Италија од 1 февруари воведува нови правила за влез во земјата

  • By klaster2
  • јануари 27, 2022
  • 0
  • 512 Views

Веќе две години живееме во време на пандемија, во време каде што животите ни се променија и тоа доста а исто така и добивме многу ограничувања.

За жал поради оваа ситуација изгубивме многу наши блиски роднини, пријатели дури и членови од потесното семејство, кој веќе ги нема.

Исто така и на финансиски план длабоко се осети оваа пандемија, многумина останаа без работа, а и цените на продуктите се покачија.

Маските ни станаа секојдневие како и средствата за дезинфекција. Се соочуваме со многу мерки кој се менуваат од ден во ден.

Земјата каде што има многу Македонци а тоа е Италија ќе ги олесни ограничувањата воведени поради коронавирусот за сите посетители од земјите на Европската унија од 1 февруари, соопшти Министерството за здравство.

Италија уште од 14 декември воведе правило според кое сите посетители од ЕУ мора да имаат негативен тест за коронавирус поради страв од ширење на омикронската варијанта на вирусот.

Министерот за здравство Роберто Сперанза потпиша наредба според која на патниците од земјите на ЕУ ќе им треба само т.н зелена пропусница. Зелената пропусница потврдува вакцинација против Ковид-19, прележана болест или негативен тест.

Според министерството, наредбата на Сперанца исто така ја обновува можноста за патување до голем број неевропски туристички дестинации,

Овде вклучително спаѓаат и шест други дестинации: Куба, Сингапур, Турција, Тајланд (ограничено на Пукет), Оман и Француска Полинезија.

Италија вчера пријави 167.206 нови случаи на актуелниот вирус, од 186.740 претходниот ден. Бројот на упо коени се намали на 426 од 468.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.