Источна Македонија забрзано се празни – пристигна уште еден податок кој тоа најдобро го отсликува

  • By klaster1
  • јуни 1, 2021
  • 0
  • 9735 Прегледи

Трендот на иселувања се зголемува од ден на ден, немаштијата овде или желбата за повеќе го тера човекот среќата да си ја бара на друго место, најчесто во западно европските земји.

Од година на година белата чу ма е се позастапена во Македонија, овде деца се раѓаат се помалку, а половина од нив ќе ги полнат училишнит клупи низ европските земји.

Ова доаѓа како заклучок од последниот ден на упис на првачиња кога се сумира бројот на новите ученици. Иако секоја година бројот на учениции е се помал, оваа година разочарувањето е најголемо.

Енормно 40 проценти од дечињата нема да трчаат низ дворовите низ Македонија. Во бројки тоа се 720 првачиња чии имања се во други списоци.

А регионот оваа годиан ќе има 26 паралелки помалки, се вели во извештајот на ,,Тв Стар“.

– Бројот на слободни места за првачињата во уписите е 551 ученик, во ,,ОУ Ванчо Прке,, 118 слободни места за првачињата од кои до сега се пополнети 85.

,,ОУ СЛавејко Арсов 51 место пополнети се 39, училиштето ,,Димтар Влахо 131 место исполнети се 106, ,,Гоце Делчев ,,160 места од кои исполнети 45 места.

Училиштето ,,Тошо Арсов,, има слободни 96 места од кои се запишани 55 ученици, до денес запишани се 310 ученици, вели Билјана Казанџиска, раководител на секторот за образование.

Освен Штип, ваква иста судбина делат и Делчево и Пробиштип кој се соочуваат со недостиг на деца, и нивно иселување во туѓина.

– За учебната 2020-21 се очекува да се запишат 165 првачиња во двете основни училишта, односно ,,ОУ Никола Карев,, и ,,ОУ Браќа Миладиновци,, заклучно со овој ден имаме запишано 119 првачиња, вели портпаролот на Пробиштип Марија Митева.

– Во Делчево требаше да се запишат вкупно 183 првачиња, досега се запишани вкупно 116 првачиња, 67 се во странство или живеат на друга адреса, вели Ванчо Новоселски раководител на одделение за образование на Делчево.

Во последните неколку години источниот регион во просек е помал за една населба од по 500 жители. Со се побрзото темпо на иселување регионот губи речиси 1500 жители годишни.

За десет години со ова темпо источниот регион би изгубил град со големина на Пробиштип. Ова се фра пантни бројки и вистината за тоа што реално не очекува.