Иселениците предвреме ги прекинуваат одморите во Македонија и се враќаат на запад

  • By admin
  • август 16, 2021
  • 0
  • 63191 Views

Во моментов голем број наши иселеници се наоѓаа на годишен одмор во Македонија, а многумина од нив по две години пауза за првпат си дојдоа дома поради ситуацијата со вирусот.

Но се чини некои од нив нема да го искористат во целост откако се решаваат предвреме да го прекинати да се врата во западно европските држави.

А за ова има неколку причини,а првпата пристигна пред некој ден од Словенија.

Имено Словенечката влада објави дека од 23 август, патниците во транзит, за влез во земјата ќе треба да покажат доказ дека се вакцинирани против коронавирусот, дека ја прележале болеста или да имаат негативен тест.

„Од 23 август, транзитот низ Словенија веќе нема да биде возможен без исполнување на условите“, објави владата.

Токму низ оваа земја транзитираа многу наши иселеници кои живеат во Италија, Австрија, Германија и други европски држави.

Дополнително утрово влијаеше и најавата на Министеро, Венко Филипче кој најави дека ќе се воведува нови мерки за влез и излез од државата.

Поради ова, пред се од источна Македонија, многумина наши иселеници уште денес решија да го прекинат одморот и веќе во ноќта или утре да се вратот кон запад.

Сепак Филипче вечерва објасни дека сето ова нема да биде веднша.

Ни утре, ни задутре нема да почнат новите мерки за влез и излез од државата. Ќе дадеме разумен рок – дали тоа ќе биде една недела или десетина дена, ќе соопштиме утре.

Имаме предвид дека многу од нашите граѓани се на одмор, а други допрва треба да одат. Не сакаме да им предизвикаме дополнителен финансиски тро шок, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

Во гостување на ТВ Сител, Филипче објасни дека и странските државјани и нашите, ќе треба да приложат ПСР тест не постар од 72 часа, сертификат дека ја прележале бол еста стар 45 дена или потврда дека се вакцинирани. Притоа, за децата нема да важи задолжителен ПСР тест.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.