Ирена Спасовска за својот колега: Таков изрод не сум видела до сега

  • By klaster1
  • септември 16, 2021
  • 0
  • 4421 Прегледи

Македонскиот естраден уметник Ирена Спасовска веќе долги години опстојува на македонската сцена и е една од најпрепознатливите и најбарани.

Само еден пост и коментар беа доволна искра да започне вој на македонската естрада помеѓу пејачката Ирена Спасовска и музичарот Дејан Добревски.

Следбениците на социјалните мрежи имаа можност да видат буквално се, по најавата дека сето ова ќе оди на судска разрешница, екипата на ,, Бекстејџ,, имаше отворен разговор со Ирена а таа се отвори како никогаш досега.

– Јас бев таа која се бо реше за правата на пејачите и која се залагаше да добиеме каква таква помош, и никој неможе да каже дека на нивни грб сум одела на одмор негде и никој неможе да ми поведе сметка.

– Таа личност ( мисли на Дејан) неможам да ја наречам музичар тој е анонимец, тој се осмели и коментираше на слика каде што сме јас, Анета Молика и Зуица Лазова, велејќи дека сме го допреле дното.

По најавата дека Добревски ќе ја ту жи бидејќи го навредила во низа навреди а Спасовска на ова се насмевна и одговори:

– Видете тој се осмели да коментира личности што опстојуваат на естрадата многу долги години, за разлика од нас, тој неможе да се нареќе музичар.

– Тој незнае ниту да се облака ниту да пее, а игра како некоја си барбика се врти во круг, вели иронично Спасовска пред камерите на ,,Бекстејџ,,

– Јас верувам дека ни пошироката јавност не знае за оваа личност, кој е од типот на самопрогласен ѕвезди, за себе си вели дека е ѕвезда.

– Со ова коментарите можеби се му беше смислено, да стане популарен и да земе малку внимание, па да му ја дадам трансакциската сметка, да уплати бидејќи бесплатни реклами нема, вели Спасовска.

– Таков изр од како Дејан не сум видела досега, така да настапува како некој си кловн, навистина е смешно, тој мора да прави се за да стане интересен, завршува таа.