Имењаците Матеј од Скопје секојдневно самоиницијативно го поправаат паркот: Невоспитани се и не знаат да си ја чуваат државата

  • By klaster3
  • октомври 4, 2022
  • 0
  • 273 Views

Сведоци сме на се поголем одлив на факултетски образовани кадри во странство, но се поголем е и бројот на занаетчии и мајстори кои среќата си ја бараат надвор од земјава.

Додека некои бегаат и од овие струки, во Скопје постои позитивен пример на две деца желни за работа со алат, а се во служба на општеството.

Шестоодделнците Матеј Доксимовски и Матеј од љубов се грижат за паркчето во нивното маало каде што живеат.

– Ние им го поправаме игралиштето, ставаме зиплајн да биде интересно на другите деца и го чистиме игралиштето, вели едниот Матеј.

– Оваа лулашка што седам пред четири дена ние ја направивме. Беше падната скроз, ние ја заштрафивме со сите алатки што ни требаа. Тука на пример ја правевме клацкалката што многу беше размрдана, додава другиот Матеј.

– Користевме клуч 10ка и мутерче 10ка. Имаше уште едно дете ама не дојде, објаснуваат децата за третото другарче кое им помага во работата.

Додека другите се гл упираат, овие деца обезбедиле алати, купуваат шрафови и работат. Во своите куферчиња имаат разни шрафови, клучови, метро.

Следниот зафат, според нивното кажување, им е да стават огради на скалите бидејќи се тесни и лесно може да се падне од нив. Разо чарани се од однесувањето на другите деца кои не ја чуваат околината.

– Има три деца што ск ршија и знам кои луѓе се ама не ги кажувам. Невоспитани се и не знаат да си ја чуваат државата, објаснуваат децата. Секој можен ден, сабота и недела доаѓаат и сабајлечки и навечер за да работат во паркот.

Пред училиште одат во паркот за да спортуваат, а нереетко реализираат и проекти инспирирани од интернет.

Моментално ставаат зиплајн во паркот кој е наменет за спуштање на децата. Децата пред камерите ги искажаа и своите желби за иднината.

– Инженер сакам да бидам, вели едниот Матеј, а другиот додава дека татко му е мајстор и сака да биде како него но повеќе би сакал да вози автoбус.

– Големи работи јас сакам да возам. Куќата кога ја правевме ми беше исто ко фасадата кога ја праввеме кога се качував по скеле. Тоа ме научи тогаш и ми беше омилено, заклучува Матеј пред камерите на Зевзекманија на Канал 5 телевизија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.