Илина Арсова: Никој не те прашува дали имаш леб да јадеш, немав пари автобуска карта до Охрид да си купам

  • By klaster3
  • мај 10, 2022
  • 0
  • 557 Views

Илина Арсова е добро познато име во нашата држава, жена со повеќе професии и таленти, меѓу кои ликовна уметница, скијачка, алпинистка и планинарка.

Освен успесите на професионално поле, таа во медиумите често е и поради својата љубовна врска со еден од нашите најпознати шоумени, Игор Џамбазов.

– Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови.

Толку не ме пишувало по весници дури и кога станав прва дама од нашата земја што стапна на врвот на светот пред 7 години. Се надевам разбирате дека се шегувам, планините се моја страст и пасија кои некако имаа приоритет во мојот живот – изјави Илина во една прилика.

Илина стана првата Македонка што го освои највисокиот врв на светот Монт Еверест (8848 м.). Во емисијата Магазин за Сител ТВ зборуваше за предиз виците со кои се соочува секојпат при некоја мисија.

– Најголеми тра уми имам кога требало да одам по шалтери да собирам пари, па чекај на ред, па чекај бројче за спонзорство, никој не ти одговара со години.

Се додека на крајот од тоа патешествие, после 7те врвови и можеби 9 години, конечно сум ја добила довербата и поддршката како од институциите, од федерациите така и од народот.

Тоа е потешко од самото искачување. Јас аплицирам за некаков грант за спонзорство за еден историски подвиг којшто сум спремна да го направам, на пример да станам првата жена од нашата земја да се искачи на највисокиот врв на светот.

Истовремено се чувствувам како да сум на просјачки стап. Исто така беше и по враќањето од Монт Еверест. Јас се искачив на врвот, се симнав назад, доаѓам дома – националнава хероина наша е шворц, вели низ шега Илина.

– Никој не те прашува дали имаш леб да јадеш, битно мојот лик се наоѓа на огромни билборди насекаде низ републикава, а јас доле под билбордот авто-стоп чекам затоа што немав пари автобуска карта до Охрид да си купам.

Сфатив дека навистина не е лесно, моите најголеми разочарув ања потекнуваа од тоа што гледав дека премногу политика во спортот се меша и моите заложби за еколошки активизам луѓето ги етикетираа политички.

Како насила да сакаа да ја извалкаат мојата искрена мисија кон оваа земја, кои со срце и цел ентузијаам се трудев да ги постигнам, заклучува Арсова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.