Изгубеното куче само се вратило дома и тоа ѕвонејќи на вратата

  • By klaster1
  • јули 3, 2021
  • 0
  • 870 Прегледи

Женско куче по име Раџа побегнало од куќата откако слушнало бучавата од огномет и се исплашило, поради што брзо ја прескокнала оградата и истрчала кон ридовите.

Сопственичката на кучето, Мери Лин Витакер, брзо ја споделила веста на Фејсбук и напиша објава за исчезнувањето на Раџа.

Таа ги искористила сите можни ресурси за да го пронајде своето милениче, вклучувајки и неколку организации, но безуспешно.

Нејзиниот партнер Рајан, пак со автомобил кружел низ околните улици, надевајќи се дека ке ја пронајде Раџа, но и тој обид завршил безуспешно.

– Секогаш се надевав дека нема да ја најдам како лежи покрај патот – рече Рајан. Откако не ја најдов, се вратив дома, но останав буден во надеж дека 18-месечното кученце ќе го најде патот назад.

Седум часа подоцна, рано наутро, поточно околу три часот, Раџа се вратила дома, ѕвонејќи на вратата, објави весникот Колумбија Стејт.

Сопствениците на кучето изјавиле дека не знаеле како успеала да го стори тоа затоа што никогаш не и покажале досега.

– Таа не излегува во дворот однапред, освен до автомобилот, па никогаш не видела да го користиме ѕвончето – рекоа тие.

– Сепак сме среќни бидејки нашата Раџа е повторно со нас, а истотака таа докажа уште еднаш колку е паметна, и дојде кога изгубивме надежт.