Игор Џамбазов е добро познато име на македонската јавноста. Човек со многу професии, пред се шоумен, македонски глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец.
На промоцијата на неговото дело “Присобрани дела”, како дел од Саемот на книга 2022, во присуство на многу колеги, беше објавено дека Игор е добитник на актерската награда за животно дело “Петре Прличко”.
„Наградата официјално ќе му биде предадена на 19 Мај, на отворањето на новоформираниот театарски фестивал во Велес, а на наше огромно задоволство добитникот на наградата за животно дело,
Игор Џамбазов, како единствен наследник на животот и делото на Петре Прличко, даде дозвола истиот да се преименува во “5ре” во чест на неговиот дедо“, објави неговиот колега Зоран Љутков.
– Што би рекла мојата повозрасна колешка Милица Стојанова, мене улогите ми се како чеда мои и сите си ги сакам. Не би можел да издвојам. Мислам дека книга најблиску до мене е „Прирачникот за Анти Антиалкох оличари“.
Во неа го сублимирав се она што со години сум го собирал по театарските бифиња и на времето кога немаше мобилни таблети сум го запишувал на салфетки, на фискални, на парагон блок и во тој боемски живот некогаш ќе ги загубиш, а некогаш ќе ти паднат случајно од фармерките, изјави тој за Бекстејџ.
– Првата и последната прикаска од новата книга која се вика „Книгата што сама се напиша“ е всушност приказна за татко ми од пред година ипол дена пред да помислиме дека ќе може воопшто да не напушти.
И многу е нормално оваа новата книга да му биде посветена нему. Но, оваа книга ќе ја посветам на мојата сестра Тања Џамбазова, светскиот патник.
Тој беше толку скромен човек што дури, знаете, луѓето чувствуваат дека си одат од овој свет и почнуваат да кажуваат прикаски што никогаш не ги кажувале.
Само тој ми недостасуваше овде на промоцијата зашто тој беше најчестиот посетител на овој штанд на ТРИ и на сите шест книги имаше доаѓано на промоциите. Беше поголема ѕвезда од мене на промоциите, вели Џамбазов.
Признава дека нема нешто што сакал да му го каже, а не успеал зашто скоро 20 години имале другарски начин на комуникација. Маестро Александар Џамбазов никогаш не му се лутел ако не се јави и по неколку дена.
– Ми недостасува неговиот су д за тоа што јас го правам. Тој беше мојот најголем критичар, прво му давав нему да го прочита или да го слушне, а тој знаеше во шега да каже: добро е, ама не е за во јавност, објаснува Игор.