Игор Џамбазов откри што му ветил екс претседателот на државата, а никогаш не му остварил

  • By klaster3
  • ноември 4, 2022
  • 0
  • 309 Views

Водителот, шоумен, музичар и писател или човек со многу професии како што го нарекуваат – тоа е Игор Џамбазов кој каде и да се појави или што и да објави на социјалните мрежи привлекува внимание.

Така и овојпат, со гостувањето во емисија на Слободна ТВ се осврна на доста интересни теми кои ја засегаат Македонија, но и се присети на минатото и опиша настан поврзан со поранешниот претседател.

„Тоа што сакаат Македонија без Македонци полека, но сигурно им се остварува. Само да погледнеме бројките колку луѓе ја напуштиле во последните 10 години ќе видите дека си заминала една Битола сосе селата.

Па само кај нас политичари стануваат за да се збогатат. Видовте ли новиот премиер? Има богатство и може да ја купи цела Македонија. Значи непоткуплив е дечкото, со што ќе го поткупиш новиот премиер, со колку пари?

За да функционира било каква институција во влез има куќен ред, а за да дојдеш до тоа треба да знаеш кои се станарите. Луѓево мислат дека попис правиме за да дознаеме коку Албанци има во државата.

Немојте да се залажувате. Битно е кој што има, како го спечалил, од каде му се парите и дали има документ за тоа“, вели Игор.

Џамбазов посочи, доколку може нешто да се смени во државата, каква посакува тој да биде земјата во која живее.

„Онаква каква што имавме ние во детството. Каде што можев безбедно да се шетам во три часот по полноќ, кога имав плата колку министрите, кога сакаа да ме дружат многу повеќе отколку сега тогашните политичари.

Пред 25 – 26 години кога господин Киро Глигорров беше претседател пред неговиот крај, ме повика еден од неговите советници од кабинетот и бев во Парламентот во таа нивна канцеларија каде еден чичко со брада не знам како се вика ми вели

Ние одлучивме и би сакале да направиме нешто што досега не си го направил, а многу си сакал. Ние би застаанле зад тебе, да биде за Македонија, викам океј не знам дали да се радувам предвреме.

Се се заврши на тој муабет. Мислам дека повеќе сакаа како мечка да ме прошетаат низ парламентот, да се испосликаат. Некогаш си викам ах да бев 10 години помлад да летнев оттука, заклучува Игор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.