Игор Џамбазова: Не сум во трка по пари, туку по достоинство

  • By admin
  • јуни 20, 2022
  • 0
  • 66 Views

Водителот, шоумен, музичар и писател или човек со многу професии како што го нарекуваат – тоа е Игор Џамбазов кој каде и да се појави или што и да објави на социјалните мрежи привлекува внимание.

Последниот период повторно е доста активен на музички план и настапува ширум Македонија, а слободното време го поминува најчесто во Дојран.

Како што е познато Џамбазов пред извесен период упати порака на дискотеките и клубовите каде што со настапи предничат странски изведувачи.

„Ги замолувам сите сопственици на дискотеки и клубови кои ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот, со една и пол песна во кариерата, а ги плаќаат 5 (и со букви ПЕТ) пати повеќе од најдобрите македонски изведувачи,

ич да не ме бараат за настап со мојот бенд. За вас дечки сум недостапен… дур сум жив. Идемо садаааа….Балкан горииииии…“, објави тој.

Џамбазов и денес на социјалните мрежи со новата објава привлече големо внимание откако објави фотографија со плакат за најава за настап на Аца Пејовиќ во Дојран и притоа напиша:

Случајна средба со колегата во Дојран. Јас во Дојран ќе свирам ко ќе станам популарен…

Под објавата следеа бројни коментари и реакции, а Игор се реши да врати на неколку меѓу кои еден негов коментар гласи:

Имам јас доволно концерти. Дури и премногу. Не сум во трка по пари, туку по достоинство. И уште нешто. Ацо не е избор на дојранчани, туку на организаторот. Поздрав.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *