Иван Иванов: Нашата мајка Македонија стана како вдовица, осамотена и напуштена од нејзините синови

  • By klaster3
  • јуни 23, 2022
  • 0
  • 472 Views

Иван Иванов, синот на пораншениот претседател на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во последно време е се поактивен на социјалните мрежи, а така беше и овојпат кога се огласи на фејсбук:

„Македонци,Нашата мила татковина Македонија некогаш беше една од најславните земји. Македонците ги поставија основите на уметноста на вој увањето, со нивните победоносни фаланги и просветлувањето на Аристотел, го цивилизираа човештвото и Азија.

А сега нашата татковина, толку славна во минатото, сега е на прагот на уни штувањето, благодарение на нашите грешки и негрижа. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја освојат нашата татковина и да го уни штат нашиот народ, кој, блескајќи со таква светлина, никогаш нема да биде уништен.

Нашата мајка Македонија стана како вдовица, осамотена и напуштена од нејзините синови. Не го вее знамето што го вееше победоносната македонска в ојска.

Денеска е само географски поим. Како некој да се обидува да ја прикрие нејзината победоносна природа со прекривката на заборавот.

Гро бот ѝ го ископаа натрапници кои сноват низ нашата земја и ја троват со см ртоносни отр ови. Тие натрапници се гро барите на нашата велика и славна татковина, тие се договараат како да ја распарчат и да ја препуштат на победничките војски на Австро-Унгарија.

Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно и нашиот народ ќе биде збришан. Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или см рт.

Во таква беспомошна состојба, сета во солзи, нашата мила Македонија, нашата драга татковина ве вика: вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики, вие во чии вени тече Македонска кр в, не ме оставајте да умр ам, помогнете ми!

Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот пог реб. Не, не, еве ги моите грозни раск рвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скр шете ги, расковете ги, зацелете ги моите ра ни, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишат зборовите „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам.

Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги уб ијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погу бни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него:

Да живее македонскиот народ, да живее Македонија!Тоа е гласот на нашата земја, тоа е нашата слобода – нашето народно наследство.

Ако ги прогласите овие зборови, ќе бидете поздравени од слободно мислечките народи и сите благородни срца ќе побрзаат да ви се придружат и да се борат, да ви помогнат да ја добиете светата слобода, која толку векови веќе ви е одземена.

Македонци, запомнете го вашето потекло и не се одрекувајте од него! Манифест на Привремената Влада на Македонија – Единство 23 март 1881 во Ќустендил П.С. Замени 1881 со 2022 и замени Австро-Унгарија и таман си е“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *