Зоран Заев на мотор замина надвор од Македонија, па кажа што нема без мотивација

  • By klaster2
  • мај 12, 2022
  • 0
  • 424 Views

Поранешниот премиер на Република Македонија Зоран Заев по подолго време излезе во јавноста и се произнесе, овој пат во Босна и Херцеговина.

Заев денеска пристигна во БиХ за да учествува на 11. Сараевски бизнис форум, водечка конференција за бизнис и инвестиции во Југоисточна Европа и ќе биде еден од говорниците и член на стручното жири за наградите „Сараево Бизнис Бриџ 2022“.

„ЕУ конечно мора да биде попрактична и поконкретна со сите земји од Западен Балкан, особено во однос на Босна и Херцеговина, која долго време чека на кандидатски статус.

„ Без мотивација нема појава на европеизација или европски вредности во ниту една земја, вклучително и овде во БиХ“, изјави Заев за Н1 телевизија.

„ЕУ не беше толку љубезна кон сите нас, не кон Северна Македонија, но не кон БиХ, Албанија и другите земји од Западен Балкан“, рече тој.

Тој изрази надеж дека лидерите на ЕУ, со оглед на случувањата и немирите на европско тло, ќе бидат „конкретни и практични“ за регионот во иднина и конечно ќе одлучат да им дадат кандидатски статус на овие земји, особено во БиХ.

Запрашан за можното руско влијание во регионот, Заев рече дека верува оти Западен Балкан, со оглед на неговото минато, останува „многу ран лив“.

Заев изјави дека „децата на жрт вите од сите немири од пред 25-20 години“ сега се полнолетни, а денеска повторно се соочуваат со „чувствителна ситуација“

И дека дека случувањата на исток „можат да произведат еден вид движење што дополнително може да ги заг рози европскиот континент“, што е уште една причина ЕУ да преземе поактивна улога.

Заев за Н1 изјави дека во БиХ пристигнал со мотор, заедно со осум пријатели: „Патуваме во земјите од поранешна Југославија, особено низ БиХ.

Со мотори дојдовме директно од Македонија во Сараево“, рече тој и додаде дека тој и неговите пријатели ќе го посетат и Мостар и други места во БиХ, а потоа ќе ги посетат Хрватска, Црна Гора и Словенија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *