Зоки Фаци се огласи пред неколку моменти: Мене освен Бог неможе и нема право да ми суди

  • By admin
  • јули 21, 2021
  • 0
  • 18049 Views

Зоки Фаци деновиве повторно е главна тема во македонската јавност, а причината е снимката која кружи на социјалните мрежи.

Естрадниот новинар Зоран Василевски познат во јавноста како Зоки Фаци важи за човек кој секогаш отворено го кажува она што го мисли.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Естрадниот новинар и ТВ водител Зоран Василевски попознат како Зоки – „Фаци“ нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми.

Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.

Народот вели кој нема среќа во работата има во љубовта. Зоки – „Фаци“ секојдневно можете да го видите што по скопските локали, што на социјалните мрежи, како гушка и бакнува прекрасни убавици. Некој ќе рече девојките сами му се лепат на „харизматичниот“ водител.

Добро познато е дека Зоран по професија е ветеринар, но животот му носеше друга насока па заврши како новинар.

Да ви кажам искрено, да ми кажеше некој дека ќе го работам ова што го работам денес немаше да му верувам. Кога завршив факултет отидов до зоолошка градина да волонтирам, убаво почна се, но со еден оглас во весникот Вест, каде што бараа ветеринар да пишува за животни ми се промени животот. И така започна се.

Премногу сум емотивен, немам ништо заедничко со тоа што го работам. Пред се ми е семејството, на второ место ми се животните, а потоа природата. Кога сум дома читам книги, гледам Анимал Планет и Дискавери.

Популарниот Зоки Фаци каде и да се појави привлекува внимание, а има и зошто.

Зоран Василевски познат како Зоки Фаци е доста актуелен од вчера во македонската јавност поради снимка која што се шири, а на кој тој е во друштво на момче.

По ова тој денес преку Инстаграм се огласи со кратка порака до јавноста во која што вели:

„Не пријавив ради себе, туку за другите после мене, мене освен Бог неможе и нема право да ми суди. Никогаш не сум се правдал, оставам се во рацете на Бог еден и единстве.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.