Значително зголемување на бројот на Македонци кои побарале aзил во Германија: Објавено и колку

  • By admin
  • јануари 14, 2022
  • 0
  • 393 Views

Бројот на лица од Македонија кои во 2021 година побарале азил во Германија, како што јавува агенцијата ДПА, бележи „значително зголемување“.

Во текот на изминатата година во Германија азил побарале над 4500 лица од Северна Македонија, јавува германската агенција ДПА, повикувајќи се на статистика на Сојузната агенција за миграција и бегалци (БАМФ).

Според ДПА, бројот на македонски баратели е значително зголемен во споредба со периодот пред тоа.

Лицата од Македонија, инаку, во статистиката на БАМФ за претходната деценија, каде се прикажани десетте земји од каде доаѓа најголем број баратели кои првпат поднесуваат барање за азил во Германија, не се појавуваат во последните пет години – од 2016 до 2020 година.

Претходно, најмногу македонски баратели на азил се забележани во 2015 година – 9.083. Во 2014 година имало 5.614, во 2013 година – 6.208, во 2012 година – 4.546, а во 2011 година – 1.131 баратели на азил.

Во информацијата на ДПА за ситуацијата со барателите на азил во 2021 година се наведува и дека може да се забележи голем удел на повторно поднесени барања за азил на лица од Западниот Балкан кои претходно отпатувале од Германија.

Што се однесува до состојбата со барањата за азил генерално, нивниот број во 2021 година бил највисок во последните пет години.

Имено, според статистиката на БАМФ, во претходната година биле поднесени вкупно 190.800 барања за азил во Германија, од кои 148.000 биле поднесени од странци кои првпат бараат азил во државата.

Најмногу баратели на азил доаѓаат одСирија – над 70.000. Зголемен е бројот на баратели на азил од Авганистан, кој минатата година изнесувал 31.000.

Во целост сторијата може да ја проследите на Дојче веле на македонски јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.