Знаењето не гарантира успех: Зборува 24 јазици, а работи како чистач на теписи за минималец

  • By klaster3
  • април 13, 2022
  • 0
  • 405 Views

Доколку би зборувале барем 10 странски јазици сигурно би очекувале да работите во некоја меѓународна организација и ќе сакате да ви се вреднува способноста.

Но, Американецот Вон Смит (46) зборува 24 странски јазици, меѓу кои и хрватски и бугарски, а работи како чистач на теписи за помалку од 20 долари на час.

Неверојатната приказна за хиперполиглотот ја објави репортерката на Вашингтон пост Џесика Контрера, опишувајќи го просечниот работен ден на Смит и неговите разговори со клиентите во чии домови ги чисти теписите.

Ретко зборува со некого за неговата голема љубов – учењето странски јазици. Учел 37 јазици, течно знае осум, а 24 зборува доволно добро за да може да води подолги разговори.

Тој знае да чита и пишува со осум азбуки и букви, а зборува и неколку знаковни јазици. Толку добро ги владее холандските и каталонските акценти што ги воодушевува луѓето од Холандија и Шпанија.

Смит спаѓа во групата на хиперполиглоти, а според една дефиниција тоа се оние кои зборуваат најмалку 11 јазици. Скромен е и не сака да зборува за неговите таленти.

Одамна забележал дека многу подобро памти имиња, бројки и датуми од повеќето луѓе. Како момче, тој мислел дека постојат само два јазика во светот – англискиот што го зборува неговиот татко и шпанскиот што го зборува неговата мајка, Мексиканка.

Му се допаѓало како звучат зборовите на шпански, па почнал да учи француски, германски, руски.. Бил фасциниран од секој јазик на кој ќе наиде.

Но, во училиште не се истакнувал многу, тешко се концентрирал на материјалот. Неговата мајка дури го однела на разговор со психолог кој рекол дека Вон е само „многу интелигентен“.

Во Вашингтон, оди со автобус до Меморијалната библиотека на Мартин Лутер Кинг, која го има најдобриот избор на книги на странски јазици во градот.

Завршил средно училиште и продолжил да работи како чистач на теписи во фирмата на неговиот брат. Работел како обезбедуање, доставувач, сликар, шетач на кучиња.

Живее со својата болна мајка и сака да пие кафе во кафулињата каде што може да слуша странски зборови. Сега на ред му е да научи велшки.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.