За соба, кујна и бања во една просторија им бара 200 евра за изнајмување

  • By klaster2
  • февруари 7, 2022
  • 0
  • 430 Views

Цената на скоро сите производи оди кон нагорна линија и се зголемува, не само на производите дури и на сите сегменти од животот.

Едноставно животот станува многу скап, а платите стагнираат и не се доволни да се опстане по тој принцип како досега.

Сето ова се долижи и на актуелната пандемија која веќе две години се со нас и економски и финансиски се одрази на нашето секојдневие.

Нафтените деривати се зголемуваат од ден на ден а иста е и ситуацијата со струјата која се очекува да биде уште поголема.

Па како што скапнува се така скапнуваат и становите, особено оние станови за изнајмување, се бара многу пари а за возврат добивате многу малку.

Често имаме можност да слушнеме приказни за арогантни сопственици, кои без никаков договор си ги наплатуваат „подруми“, а потоа ви даваат пет дена да се иселите, без објаснување.

Пристојна цена е термин кој речиси и да го нема, особено цените во главниот град. Но интересна ситиуација ни доаѓа и од соседна Србија.

Еден барател на стан му е преку глава од тоа што луѓето, како што вели, издаваат секакви дупки од становите, па решил да го покаже степенот на неговата огор ченост.

Само тој знае колку „дупки“ посетил во животот и колку морал да живее. Така тој објави неверојатне оглас и останал затечен.

,, Барав стан за изнајмување, и така вртев по сите можни страни и еден ми западна во очи и неможев да не го споделам ова.

,, Она што е впечатливо е што собата, кујната и бањата се наоѓаат во иста просторија Јасно е дека станот не ја оправдува цената, што е недостоинствено.

,, Замислете бара 200 евра за ова. За тие пари се очекуваат барем пристојни услови за живот, но ова што го гледам се уште неможам да си поверувам на очите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.