За бранителот Слободан од кочанско пристига помош од Америка, Австралија, Шведска и Италија

  • By admin
  • мај 30, 2021
  • 0
  • 11046 Прегледи

За случајот на бранителот Слободан Ангелов од кочанско Оризари се дозна пред неколку месеци, а веднаш потоа започна акција за помош:

Слободан молеше коритото да го замени со купатило во кое може да се избања како човек и да добие пристоен дом за живот.

Бранител од 2001, со пов реди на нозете, на глуждовите,со лоши спомени во главата, живее во трошна куќа на неговиот чичко која каде и да е ќе падне.

Дејан Гавровски од Аманет започна хуманитарна акција и истата оди добро, а тој во еден од своите постови напиша: Ми вели братче јас сега молам за помош но се надевам дека ќе дојде ден и јас да помагам.

Благодарен е до сите кои што до сега помогнале.Браќа и сестри да помогнеме кај нашиот брат кој бил спремен животот да го даде за нашата мајка Македонија

Неговиот телефонски број е 078 548 031. Во меѓувреме Гавровски објави нов статус на својот профил на фејсбук во кој вели:

Во договор со братот Слободан Ангелов договорено е во недела да го посетам затоа што тогаш продолжуваат работите на куќата,има нови најави за помош,дониран е бојлер од братот Перун,и потребен е превоз за 1200 керамиди од Скопје до Оризари.

Кај мене до сега се донирани 210 евра од Австралија, 50 евра од Шведска и 50 евра од браќа од Италија пари кои се предадени.

За во недела на 30 ти мај има до сега 130 амерички долари од брат во Америка,100 евра од брат во Скопје,9000 денари од сестра во Пиринска Македонија,3000 денари од брат од Скопје донирани на протестот во сабота и 1500 денари исто од брат од Скопје.

И бојлер нов дониран од братот Перун. Исто благодарение на Ана од Кочани обезбедени се 1200 керамиди и 35 капаци. Ве замолувам за уште помош.Потребна е.

Се што ќе стигне до мене до недела кај мене како помош плус од ова што е досега ќе биде објавено на 30 ти во недела.Ги имате и сметките на братот Бранител.

Во продолжение бројот од банкарската сметка на Слободан: