Загорка од Кавадарци со нејзината 5 годишна ќерка и по цела недела гладуваат, навечер плакаат поради темницата во собата

  • By klaster1
  • јуни 21, 2021
  • 0
  • 11266 Прегледи

Загорка Поповска од Кавадарци е мајка на 5 годишно девојче, таа била оставена и исчувана од нејзината баба, а сега и таа е прморана да ја чува сама својата ќерка. Бара помош за да може да ја израсне својата ќерка.

Таа како мала била отфрлена од нејзината мајка, и израснала во прегратките на нејзините баба и дедо, не родителските средби ја пртставувале баба и дедото. Но сепак горичината, што мајката не е тука постои.

– Мојата мајка не ме сакала, се однесувала многу лошо кон мене, ме роила на многу млади години. Јас до 18 година седев и ме исчуваа моите баба и дедо. Не ме имат оставено без ништо, но сепак знаете како е иако се стари гледат колку можат да помогнат.

– Јас одлучувам да се омажам, но од тој брак освен ќеркичката, друго убаво ми се нема ништо случено, не видов бел ден, вели Загорка за  ,,Срце на дланка,,

– Се преселив во Пепелиште, работев на неколку места, во неколку фирми, но морав да се откажам бидејќи керката е многу мала и неможе сама да се чува.

– Во многу лоша ситуација сме,имало кога и по 15 дена јас ке се стегам, нема да јадам скоро ништо, за да давам на мото чедо да јаде. Јас не се срамам да кажам дека одев и просев по куќите, немав излез немам што да правам. Одев собирав и по гро биштата.

Повремено одам чистам по становите, но тоа кога ќе ме викне некој. Струјата ни ја гасат неколку пати, дури и за станот има опомени дека ако не платиме ке не избркаат. Моите баба и дедо се починати останата сум сама со себе со детето.

Еден гсподин кој не ми е дедо јас го нарекувам дедо бидејќи тој ми помогна многу. Ми даде пари да ја платиме струјата, вечер е темно се плашиме од темница, детето плака, навистина лошо.

Со човекот кој што го нарекувам дедо се запознавме така што кога мојата керкичка беше болна тие ни помогнаа многу а потоа јас и помагав, се грижев за бабата до нејзината смр т, а дедото иакое е во длабока старост, јас не го оставам туку сум покрај него.

Имав многу пријателки, но како што велат пријателки само за на маса. Кога имав некој денар се дружеа со мене, сега сум си сама со керкичката, вели оваа млада мајка.

Сега најголема желба ми е да обезбедам добра иднина за мојата ќерка, да имаме што да јадеме, секако првентвено да си најдам работа, но таа е многу мала.

Дури и кога ни даде некој храна нема каде да ја ставиме, бидејќи немаме фрижидер, ниту пак телевизор, вели оваа скромна мајка.