Живот со ново срце, првиот пациент со трансплатирано срце во Македонија ја раскажува својата приказна

  • By klaster1
  • јуни 19, 2021
  • 0
  • 2678 Прегледи

Иван Огњановски е првиот пациент со трансплантирано срце во Македонија. Тој му се заблагодарува на господ и на донорите што добил ново срце.

„Кога ми јавија дека ќе ме оперираат и така бев решен, но по пат си помислив – прво да се напијам едно пив це, па ќе одам на операција“, вели Иван кој својата прикзна ја раскажува за ,,Дојче Веле,,

– Се чуствувам како нов човек, порано беше поинаку сега се сосем друго. Му благодарам на Бога добо е, донорит ми дадоа ново срце, благодарен сум и до небо на фамилијата Диневи кој ако не беа јас немаше да бидам овде.

Имав е градежен работник кој што професионалниот живот го минал во Русија. Неговото бурно минато си го земало данокот и денес има поинаков распоред, подреден на терапијата.

– Пиев по многу таблети, неможеш да ги изброиш на рака навистина многу, но постепено ми ги намалуваат, вели Огњановски.

Се помалку таблети, се повеќе време за себе. Рибарот по хоби денес секојдневно е на кејот на Вардар, следејќи ги покорно сите медицински препораки.

– Треба да се движам повеќе, да успева срцето да работи нормално, треба многу движење, но да не се заморувам премногу. Така да до клиниката си одам пешки, до паркот, тоа не ми е многу тешко.

– Имам холтер, кој што ми е ставен за да проверат како ми работи срцето, и одам на одреден период за да ме проверат како работи, вели Иван.

Тој минал скоро седум месеци низ клинките во Скопје, неговите контроли се редовна рутина. Тој памти многу денови, но 23 мај лани за него е пресвртница.

– Јас бев одамна решен на тој чекор и опе рацијата, и кога ме викнаа бев возбуден и си велев одам што бид биде, или ке ме биде или не. По пат на болница си купив едно пив це, си испив и отидов во болницта.

Тимот на доктор Сашко Јовев, веќе претходно анализирале и добро се спремиле за овој зафат, и го чекале само срцето на Динева.

– Ние имавме суви тренинзи и анализи кој мнгоу ни помогнаа, се чекаше само срцето, вистинскиот пациент беше Иван, на кому му одговараше срцето, листата е долга, но тој беше уверен и веруваше во нас, што ни дава уште поголема сила.

– Влезе се поздравивме и започнав, од прв до последен, го завршивме зафатот и го имавме стариот Иван повторно меѓу нас вели, доктор Јовев.

Јас сум имал убав живот, но ги занемарив тие некој здраствени работи кој допринесоа да дојдам до тој степен, но сега имам шанса и нема да ја пропуштам.

Потполно сум посветен на животот, и сум поддржка на секој со идна трансплатација на срце, заклучува првиот пациент со трансплатација на срце во Македонија.