Животот на самохраниот татко од тетовско полека се средува благодарение на хуманите граѓани

  • By klaster3
  • март 26, 2022
  • 0
  • 486 Views

Неодамна споделивме апел за помош на самохраниот татко на три дечиња од тетовско чии деца се исмевани поради тоа што немаат мајка и се сиромашни.

Нивниот татко има 61 година, здравјето му е нарушено, а неодамна преживеал и ин фаркт. Немаат основни услови за живот.

Децата соба немаат, спијат во кујната, а таткото кога е многу ладно дремнува тука на стол. Сепак, хуманоста на луѓето нема крај.

Од здружението на граѓани „Куќа на среќата“ во два наврати се изјаснија за текот на реновирањето на домот.

Полека но сигурно благодарение на сите хумани граѓани за објавениот апел за семејството од тетовско можеме да објавиме дека хуманоста нема граници и дека со помош ни се приклучувате од цела Македонија.

Благодарение на Гоце, Лиле, Филип, Катерина, Ленче, Јован, Ана на сметката на здружението на граѓани Куќа на среќата од претходната објава се собраа уште 24.800 денари.

Сакаме да ве известиме дека веќе е започнато со реновирање на домот на ова семејство со цел да создадеме нормални услови за живот. Обезбеден е и ламинат за куќата благодарение на една хумана жена.

Доколку имаме општествно одговорна компанија која сака и може да донира влезни врати, надворешна врата или пак прозори, ќе ве замолиме да ни се пријавите или пишете во порака или на меил [email protected].

Потребни се три собни врати, една за купатило и една влезна врата. Прозори три за собите и еден прозорец за тоалетот.

Собраните парични средства ќе бидат искористени за оние работи за кои нема да сме во можност да обезбедиме донации а за кои ќе пишеме известување.

Ви благодариме на сите за поддршката и вклучувањето во овој апел. Само заедно можеме повеќе.

Доколку не сте во можност да донирате ќе ве замолиме да споделите, бидејќи и вашето споделување е од помош ќе допре до оние кои можат да помогнат.

Здружение на граѓани “Куќа на среќата” Скопје 200003824125567 со цел на дознака: за семејството од Тетовско
IBAN MK 07200003825028637
SWIFT STOBMK2X
Лице за контакт Габриела 078223095

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.