Живко од Ченто: Јас додека мрдам ќе се борам за овие деца, барем една собичка да има, но да знам дека е моја

  • By klaster1
  • април 26, 2021
  • 0
  • 8565 Прегледи

Живко Стојановски од населбата Ченто има 38 години, целиот свој живот се мачи, пред 10тина години основа семејство и веќе на плеќи носи три деца. Деца кој имаат свои желби и потреби, желба за сопствен дом.

Уште од мал се соочува со многу уда ри во животот, останува без мајка, а потоа и татко му го напушта. Затоа уште од малечок тој ги граби сите предизвици во животот и им пркоси и на сите потешкотии.

– Ми беше тешко во село откако останав сам. Кога по чина мајка ми имав 16 години. Немав услови да завршам средно образование. Имав стока живеевме од тоа, Видов дека неможам да опстанам и си тргнав за Скопје.

– Дојдов овде во желба за подобар живот, подобри услови. Тука основав семејство, прво работно искуство ми беше пекарството, занаетот го научив во една пекарница во Шутка, паралелно ги менувам местата на живеење и цел живот сум под кирија.

-Пред десетина години се запознав со мојата сегашна сопруга преку едни познаници. Се венчавме, добивме дечиња. Најмногу ми е тешко заради децата, јас сум се мачел и ќе се мачам, но зошто тие да го поминат сето тоа и да немаат сигурен кров над глава.

-Сакам да имам една соба ама барем да знам дека е на нив. Бев во социјалнотот за стан но таму ме одбија. Одев и по агенции со цел да добијам куќа или нешто слично, ме извисија, потрошив таму 300 евра, пари кој ги позајмив.

-Излегувам од 3 ипол по полноќ и се враќам во 3 дента. Ако немаат сигурен кров над глава, барем да имаат залак во уста. Најголема желба и мотив ми е да им остава на децата барем едно собче.

– Ми се случувала во годината 3 дома да сменам. Еве оде сме веќе 5 години. Децата и се родија и израснаа преместувајќи се.

Живко е глава на семејството, работи по половина ден, некогаш ниту спие, со цел да им обезбеди подобро утро на децата. Но најтешко е кога ќе посакаат сопстевена соба, а едвај се собираат во една.

-Многу ми е тешко, но кога ќе помислам дека имам семејство, морам да продолжам со овие мој десет прсти. Ми се има случено многу пати да ми бараат нешто, а немам да им дадам.

-Децата ми бараат сакаат соба, еве ќерките викаат ,,тато сакаме соба ќе ставиме во неа барбики, кукли”, им велам јас ќе биде еден ден ќе биде не губете надеж.

– Ме прелагаа од агенција која наводно посредувала добивање на станови на најразлични начини. Ми бараа и жирант да најдам. Сестрата на сопругата се нафати иако и таа е слаба со финансии, отидовме на нотар.

-Тој ме погледна зачудено и ми рече неможам јас да ги заверам овие документи. Веднаш сфативме дека работата не е како што треба.

-Потоа од агенцијата ми побараа и уште еден жирант или пак да платам 10 илјади евра учество. Тука заврши работата а парите пропаднаа.

-Со 15 илјади што да направм поправо, но што е тукаа е , јас додека мрдам ќе се борам за овие деца. Кога еден ден би се разбудил и би стапнал во нешто мое во мој стан, е мислам дека тогаш повторно би се родил. Во тој момент и децата би биле посреќни од мене.

Доколку сакате да му помогнете на Живко да застане на свој нозе, и да изгради свој дома и за овие мали дечиња тоа може да го сторите на 075 304 405