Жељко Самарџиќ покажа колку многу ја сака Македонија

  • By klaster1
  • август 5, 2021
  • 0
  • 1653 Прегледи

Откако ја започна својата кариера по повеќе од две децении, култураата, џентлменскиот став и приодноста, и преубави песни, Жељко Самарџиќ се всели во многу женски срца ширум светот.

Иако покрај професијата и пристапот со толку женски срца тој искрени и најмногу емоции има за својата вечна љубов Маја, без која неможе да си го замисли животот.

Овојпат Жељко Самарџиќ низ турнејата во Македонија ја поведе и својата сопруга, за да ја увиди атмосферата, а пред камерите на ,,Бекстејџ,, ја долови атмосферите а моменти кој ќе ги памети.

– Јас сум многу презадоволен од градот, особено со луѓето кои се домаќини тука. На секој чекор има само пофални зборови.

– Со себе ја поведов и мојата сопруга, која е воодушевена. Сакав да и кажам и покажам колкава е мојата љубов за Македонија и обратно.

– Секогаш со задоволство ќе доаѓам тука. Утрово се сретнав со Петар Грашо, и тој дели исто мислење како мене, Македонија ве исполнува.

– Од Котор дојдов директно во Охрид имав концерт, таму бев со моите фанови, пеевме до зори, тоа ми е место за релакс во Македонија, а потоа се упативме кон Дојран.

А пред камерите на Бекстејџ застана и неговата сопруга Маја, која зборуваше за љубовта на Самарџиќ кон Македонија и за нејзините искуства.

– Жељко од секогаш ми зборуваше за Македонија, како таа земја има посебно место во неговот срце, тој таа љубов ја возвраќа со уште поголеми емоции. Сега дојдов и јас да ја почуствувам атмосферата.

– Да се биде сопруга на Жељко не е тешко, едноставно треба да се прилагодувате еден кон друг, да се сакате и да имате разбирање. Имам три ќерки и три внуци, баш сега на Илинден ми се роди еден внук.

– Го разибрам и добро говорам македонскиот јазик, сакам да комуницарам на македонски јазик со моите пријатели од тука.

– Поради вирусот изгубивме многу личности, многу драги личности и пред се големи љуѓе, творци сите тие луѓе пред се се големи луѓе, што створија многу. Тие се длабоко врежани во моето срце, еве еден од нив е Ѓорѓе Балашевиќ.