Елена Ристеска праша дали и е време, па веднаш Каролина Гочева и кажа – да

  • By admin
  • јули 22, 2021
  • 0
  • 3375 Прегледи

Без сомнение Елена Ристеска важи за една од најдобрите и најпопуларните македонски пејачка. Таа беше претставник ена Македонија на изборот на песна за Евровизија за 2006 со песната „Нинанајна“.

За Елена Ристеска не е потребно да се трошат премногу зборови. Таа е една од најпознатите пејачки на македонската естрадна сцена. Пејачката зад себе има долгогодишна музичка кариера со многубројни хитови.

Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови, а во 1996 година започнува да пее во училишниот хор.

Ристеска на пошироката јавност и стана позната со победата на музичкото-реалити шоу – Плеј – потрага по ѕвезди. Нејзиниот деби сингл „Она Другото“, на авторскиот двоец – Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) – Александар Принц (текст), за која веднаш е реализиран и видео-спот, станува инстантен хит во Македонија.

Како резултат на тоа произлегува нејзиниот деби албум насловен како „Ден и Ноќ“. Албумот вклучува неколку песни кои исто така стануваат успешни хитови во Македонија и соседните земји.

Иако веќе подолго време нема снимено ново музичко парче, љубителите на нејзината музика се’ уште ги слушат нејзините стари хитови.

Елена Ристеска вчера на својот профил на Инстаграм објави една своја фотка која очигледно и буди спомени и притоа напиша:

Пред 5 години беше промоцијата на мојот албум “Без шминка” , дали мислите дека е време за нов албум?

Веднаш во коментар меѓу првите и коментираше нејзината колешка и воедно добра пријателка, Каролина Гочева која беше децидна и кажа – да.