Елена Велевска е една од нашите најпознати и најквалитетни фолк изведувачи, која има завидна кариера повеќе од 25 години кариера. Велевска стана вистински бренд на нашата естрада.
Прв избор е за семејни веселби и слични манифестации а често патува во дијаспората каде што ги полни клубовите и арените.
– Инаку јас сум започнала во кафеана и не се срамам да настапувам. Јас ги бирам местата каде ќе настапувам, а мојат цена ги ограничува местата каде да можам да пеам а каде не. Јас сум скапа пејачка.
Иако сега зема многу поголем хонорар и како што вели е скапа пејачка, Велевска својата пејачка кариера ја започнала во кафана и не се срами од тоа.
Нејзинот прв хонорар изнесувал само 400 денари, во едно прилепско место каде што пеела заедно со прилепска група кои ја поканиле, но веднаш после тој викенд откако го слушнале нејзиниот талент газдата сам ја поканил за хонорар од 800 денари.
– Живееме во мала земја каде што уметниците не се баш заштитени, оставени се сами на себе да се снаоѓаат околу музичките права, околу стажот којшто го немаат уметниците.
И во однос на средината во која се наоѓаме не толку многу сакаме како нација да имаме ѕвезди. Кај нас ѕвездтие не знам зошто ни пречат, секогаш ги признаваме туѓуте ѕвезди и ги вреднуваме онолку колку што и не вредат.
Јас секогаш сум била бо рец да си бидам своја на своето. Пробав да направам кариера во Бугарија, тие многу си ги заштитуваат своите уметници, не сакаат многу да им влегуваат од друг пазар и веднаш имавме спор околу јазикот на којшто ќе пеам.
Јас кажав дека ќе зборувам и ќе пеам на македонски и од самиот старт имавме недоразбирање бидејќи нивната понуда беше да пеам на бугарски на српски на било кој јазик, освен на македонски што мене не ми се допадна и тука заврши таа соработка.
Можев многу да направам во Бугарија со македонска музика, но тие не сакаа едноставно да ми го олеснат животот така што јас сум навикната да ми е тежок животот и да сум борец.
Јас мислам дека тоа што можев најмногу да го достигнам како естраден уметник во Македониха и го достигнав повеќе од тоа и не може да се достигне во нашите услови.
Сакам да си се држам до стандардот на ѕвезда, на естраден уметник кој е професионалец во тоа што го работи. Би сакала да го проширам пазарот да не ми е само во Македонија иако во Македонија можеби и најдобро се заработува, вели Елена во интервју за Магазин.
Целото интервју може да го погледнете на Сител ТВ.