Единствена можност: За 5000 динари може да посвоите животно од Зоолошката градина

  • By klaster1
  • јули 3, 2021
  • 0
  • 848 Прегледи

По долга пауза, зоолошката градина во Палиќ повторно започна програма за посвојување на нивните жители, за одредена цена.

Физички и правни лица можат да посвојат некои од животните во ЗОО градината и на тој начин да го подобрат нивниот квалитет на живот.

„Тоа е донација, животните остануваат во зоолошката градина, нема да одат дома кај своите посвоители буквално туку има друга намена.

Со таа парична донација, тие ќе го подобрат капацитетот за сместување, ќе го збогатат капацитетот на играчки за нивна занимација.

Ке има средства за масички за грицкање и хранење, посебни делови во кафезот, со цел да се разбудат нивните инстинкти “. изјави Јелена Толјагиќ, координатор на промотивни и едукативни активности во зоолошката градина во Палиќ.

Таа вели дека луѓето се заинтересирани за ваков вид помош за животните и дека од 1 јули, кога започна проектот, веќе се направени повеќе донации.

„Обично се работи за физички лица кои посвојуваат животно како подарок или изненадување за деца или за некого особено“.

Ги наведуваме видовите кои пред своите кафези имаат плакети со имиња и презимиња на посвоителите, имено коњи, ракуни, мечки, мармосети и сл, вели Толајгиќ.

Името на посвоителот е на таблата веќе една година и со оваа чест се даваат едногодишни билети за бесплатен влез во зоолошката градина.

„Минималната сума за физички лица е 5.000 динари, а за правните лица 20.000 динари“, вели координаторот и додава дека нема да застанат со акции со цел подобрување на условите за живот на членовите на ЗОО паркот.