Еден од најпознатите македонски фолкери бара да купи магаре

  • By admin
  • мај 2, 2021
  • 0
  • 1136 Прегледи

За Ѓоко Јовиќ е познато дека е еден од најпознатите фолк пејачи во нашата држава како и своите колеги периодот е без работа.

Јовиќ е доста отворен и во едно неодамнешно интервју проговори за своето детство и што работел како помал.

-Како што знаете, потекнувам од Валандово. Во минатото моите родители се занимавале со земјоделие во кое преовладувал тутунот. И јас сум го работел тоа, знам колку е тешко и затоа ги ценам луѓето кои ја одржуваат во живот таа земјоделска култура.

Не се срамам да зборувам за моето минато и секогаш сум подготвен повторно да го работам тоа. Најважната лекција ја научив од татко ми. Еден ден ме седна и ми кажа:

„Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот.

Пред некој ден, неговата сопруга Ивана го снимаше и објави Ѓоко како вешто се справува со едно стадо овци и притоа напиша:

Ѓоко си најде работа, бизнисот му оди од рака – за се го бидува.

Но Ѓоко не запира тука, па пред некој ден самиот на својот профил на фејсбук ја сподели веста за овчарството и притоа напиша:

-Сега сакам и магаре да си купам, да не продава некој