Еден од најголемите балкански ѕвезди, некогаш копал и чистел канали а денес лежи на милиони

  • By klaster1
  • јули 17, 2021
  • 0
  • 2403 Прегледи

Пејачот Харис Џиновиќ е еден од најуспешните пејачи на балканската сцена и име кое опстојува долго време, човек кој е препознатлив по својот брк и шешир.

Сепак, не било секогаш така. Џиновиќ откри низ се што поминал и што се правел во животот за да опстане и да има парче леб.

– Имав 16 години кога започнав да заработувам. Потоа играв во фолклорно друштво и земав плата за тоа. Но, истовремено работев разни други работи.

Чистев, и копав канали, направив сè во мојот живот. Дури и продадов новогодишни честитки. Ги купив во Италија, а потоа ги препродавав овде – вели Џиновиќ.

Тој тврди дека со убаво се сеќавал на тој период. – Имаше убави пари. Од овие работни места собрав пари за да одам на скијање.

Во својата младост, пејачот долго се колебал дали да се занимава музика или спорт.

– Талентот одлучи да се фокусирам на музиката. Ми рекоа дека треба да се посветам на пеењето, но во тоа време претпочитав фудбал.

И тој ми го одвлече вниманието од пеењето неколку години. Сепак, и се вратив на музиката затоа што не бев доволно талентиран да станам успешен фудбалер.

Не бев предодреден за тоа. Одлучив за тоа што е полесно и поголемо за мене, и ми носи посигурна иднина и поголема заработка – изјави Харис.

А од неаоднама Џиновиќ неодамна се пресели во прекрасна вила од 900 квадратни метри во Сењак, која ја градеше четири години и наводно потроши 2 милиони евра.

Куќата има теретана, сала за прослави, спа центар и базен во дворот, и уште ред други делови кој ја прават една од најголемите и најубавите.

Ретко кој знае дека славниот пејач се занимавал и со риболов, а неговото морско издание без капа и во костим за капење ги изненади неговите бројни обожаватели и предизвика многу коментари.