Д-р Стефанија сведочи за најемотивниот момент кога Иле се пробудил и се сретнал со сопругата

  • By admin
  • април 18, 2021
  • 0
  • 22924 Views

Дваесетгодишната Верица Белчовска, која се пресели на другиот свет, е херојот пред која македонските граѓани се поклонуваат. Благодарение на големото срце на нејзините родители, кои во моментите на најголемата за губа одлучија да ги донираат нејзините органи, ќе живее и натаму.

Цветко Стрезовски од Брвеница, татко на Иле Стрезовски, лицето на кое му беше извршена трансплантација, изрази голема благодарност до сите што на неговиот син му беше продолжен животот.

Водачот на тимот д-р Сашко Јовев изјави дека постоперативниот период добро се одвива. На прес-конференцијата на која говореа лекарите од тимот за трансплантација, беше речено дека успешно се извршени и трансплантации на бубрезите на два пациента, а дека втората операција била многу сложена.

Д-р Жан Митрев рече дека тој бил во улога на асистент и нагласи дека операцијата минала во најдобар ред.

Д-р Маја Мојсова, национален координатор за трансплантација, му се заблагодари на благородното семејство кое дозволи да се трансплантира се што може по мозочната смрт на нивната најблиска.

Д-р Стефанија Хаџиевска, анестезиолог на клиниката за Државна кардиохирургија во интервју за „Женски Магазин“ говореше за овој момент.

„Се запознавме со Иле пред операцијата, исклучително мил и позитивен лик“, вели Стефанија за искуството со пациентот. Она што најмногу ја трог нало, бил односот на Иле со неговата сопруга која има 20 години. Нивната љубов и приврзаност, таа и колегите ја почувствувале уште веднаш, кога таа влегла да го посети.

-Беа доста збунети и возбудени, таткото на Иле беше тука цело време. Скромни, мирни луѓе. Го видоа откако се разбуди. Мајката таткото сестрата и сопругата. Со жена му беа ептен слатки, млади многу двајцата, таа 20 години.

Фамилијата беше многу среќна и возбудена“, вели д-р Хаџиевска за „Женски Магазин“ и додава дека не го запознала семејството на донорот, Верица Белчовска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.