Д-р Славица Трајкова: Голема благодарност до велешката дијаспора од светот

  • By admin
  • мај 11, 2021
  • 0
  • 316 Прегледи

Како што е познато, Владата ја разгледа и усвои информацијата за формирање регионални центри за ковид-19 вакцинација во Струмица, Прилеп и Велес.

Министерството за здравство во соработка со тие општини е задолжено да го координираа спроведувањето на неопходните активности за формирање на регионални вакцинални пунктови за масовна вакцинација во овие градови.

Со оваа одлука, како што соопшти владината прес-служба, Владата им препорачува на општините Струмица, Прилеп и Велес да учествуваат во уредување на вакциналните пунктови во соодветни спортски сали.

Докторката Славица Трајкова која е специјалист инфектолог од болницата во Велес на својот личен профил синоќа се огласи и притоа напиша:

Голема благодарност до иницијаторите и велешката дијаспора од светот, за успешната реализација на донаторската акција наменета за инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница – Велес.

“Велешани низ светот” покажаа дека кога имаш срце полно со љубов, хуманост и племенитост својствени за големи луѓе, можеш да направиш некого среќен за само два дена!

Ви благодариме во името на сите нас вработени во велешката болница и во името на нашите пациенти на кои Вашата донација значително ќе го подобри квалитетот на болничкиот престој!

Докажавте дека хуманоста не познава далечина!ХУМАНОСТА ГИ ПРЕПОЗНАВА САМО ЛУЃЕТО ВО ВИСТИНСКА СМИСЛА НА ЗБОРОТ…

Вашите имиња ќе останат во меморијата не само на нашата болница, туку и на нашиот Велес!Достојни за почит и пример за тоа како се покренува хуманиот ланец на вредности!Да сте ни здрави и живи