Д-р. Пановски: Неопходно е тестирање при влез во Македонија, а ќе ни дојдат и иселениците

  • By klaster1
  • јули 6, 2021
  • 0
  • 1253 Прегледи

Комисијата за заразени болести ја потценува опасноста од ширењето на индискиот сој на вирусот, смета професорот Никола Пановски.

Тој за Канал 5, вели дека свадби во затворени не треба да има, а неопходно е и тестирање при влез во Македонија.

– Со моменталната политка што ја имам сите услови за ширење на делта сојот се исполнети, а тоа се отворени граници без контрола, очекување иселениците да дојдат, односно од места како Америка и Канада каде што е проширен тој сој.

– Потоа дел од нив доваѓаат на свадби, овозможени се свадби во затворено, така да сите услови за ширење се широко отворени, вели Пановски.

– Доколку не се превземат по рестриктивни мерки, ни се зак анува, доста добро навелгување на делта сојот, и на на еден двајца туку на поголема група и потоа ќе биде доцна.

– Единствена надеж ни е тоа што например имаме створен имунитет, а со тој имунитет на оргиналниот и имунтет на делта сојот.

– Исто така шанса е и тоа што сме вакцинирани, но сето тоа е играње по жица, предност е топлото време но што кога ќе залади…

– Еве пример во Грција има 25 повеќе пати заболени отколку кај нас моментално, во Бугарија исто така повеќе заболени одколку кај нас.

– И што е парадоксално, при влез во нивните држави тие не тестираат, иако кај нив бројот е голем. А обратно пак ние не ги тестираме при влез, вели докторот Пановски.

– Според последните испитување новиот сој се шири 75 проценти побрзо од оргиналниот, клиничката слика е различна кај секого, додава тој.

– Е сега см ртоноста според бројките нели ако има поголема опфатеност, се очекува да бидат и поголеми, или кога зборуваме за младите зошто повеќе ги зафаќа, па тоа е бидејќи тие не се поголем број вакцинирани.