Докторот Нико Беќаровски од токсикологија денес се најде во новиот состав на Комисијата за заразни болести која беше промовирана на прес од страна на Министерот Беким Сали.
Вечерва Беќаровски се огласи преку својот профил на фејсбук и порача.
Денес по покана од Кабинетот на Министерот за здравство, присуствував како нов член на конститутивната седница на Комисијата.
Членството во оваа Комисија преставува укажана чест, уште поголема обврска, но како и се друго во нашата држава и спремност за многубројни на вреди, дис кредитации, зак ани итн.
За сите “душегрижници” кои тврдат дека сме платеници веднаш да ги раз очарам, бидејќи членувањето во Комисијата е без никаков паричен надомест и е доброволен ентузијазам на 26 доктори.
Кои во рамките на своите можности и знаење, ќе пробаат да формулираат препораки и совети до Министерот како побезболно да се пребродат сите предизвици од пандемијата.
Со оглед дека се работи за лекари од различна специјалност, со различно клиничко искуство, со различни видувања на актуелната состојба, нормално е во работата на Комисијата да има голема дивергентност во дискусиите.
Бо рба на мислења и идеи, препораки кои ретко кога ќе се носат со консензус, но искрено се надевам дека ќе бидат во интерес на јавното здравје.
Моите ставови и погледи за пандемијава кои многупати јавно ги споделував, од денес ќе пробам да ги образложувам и бранам, пред моите колеги од Комисијата и се надевам дека барем за дел од нив ќе наидам на разбирање, или пак на мое неодложно повлекување од Комисијата.
Сите добронамерни совети, стручни укажувања ќе бидат повеќе од добродојдени и Ви ветувам ќе бидат презентирани пред другите членови.
Како и досега, така и од сега, ќе се трудам на што повеќе луѓе да им одговорам на прашањата кои ги поставуваат, пред се во Ковид-19 групата.
P.S. За да бидам максимално коректен кон своите ценети колеги од Комисијата, во идните 30 дена ги замолувам сите новинари, да не ме бараат за лични изјави поврзани со пандемијава. Благодарам за разбирањето.