Д-р. Злате: ПСР тестови за македонските туристи кои се враќаат од Грција, Црна Гора, Албанија е едно од решенијата

  • By admin
  • јули 3, 2021
  • 0
  • 3120 Прегледи

Како што ее познат комисијата за заразни болести наредната недела ќе решава за тоа како да се заштитиме од индискиот сој кој веќе го има во стотина земји низ светот, помеќу кои и во најчестите туристички дестинации за Македонците – Грција, Црна Гора, Албанија, Хрватска.

Враќањето на задолжителен тест на границите е само една можност, останатите вклучуваат вражање на почетоците на пандемијата и следење на случај по случај за да се воспостави контрола, вели за Канал 5 Д-р Злате Мехмедовиќ.

„Бранот кон крајот на август и почетокот на септември е реалност, но прашање е во која количина, во колкава бројка на новозаразени ќе биде увезена варијантата од државите кои ги спомнав.

Тоа се држави кои сега за нас се интересни, се таргет држави за овие летни месеци каде што може да отидеме на одмор и да го поминем оној одмор од 10-15 дена“, вели Злате и додава:

„Меѓутоа во тие држави има туристи кои што доаѓаат од држави кои се со висок ризик, па комисијата најави состанок што е добар потег. Затоа што веќе треба да се разгледува како да се редизајнираат превенривните мерки.

Што треба да се направи во насока тоа да се спречич кој треба да се разгледаат евентуални мерки за да се спречи. Воведувањето на ПСР тесто за влез во државата е едно од решенијата. Но постојат и друг алтернативни решенија кои постојат со цел да се следи ситуацијата.

Сега се враќаме на почетокот, сега имама состојба каде што треба да правиме следење, откривање и изолирање на случаите“.

Во меѓувреме, СЗО го вклучи црвениот ал арм за „делта“ сојот, предупредувајќи дека светот е во опасна фаза од пандемијата поради „распрснувањето“ на индинската варијанта.

-Во земјите со мал процент на вакцинирани повторно има ужасни сцени од преполни болници. Но, ниту една земја во светот не е целосно безбедна. „Делта“ варијантата е опасна и продолжува да еволуира и да мутира.

Детектирана е во најмалку 78 земји во светот и брзо се шири во земји и со високо и ниско ниво на имунизирани.

Носењето на маски, физичката дистанца, избегнување на гужви и добра вентилација на затворените простори се основите за да може да се спротивставиме на „делта“ сојот. Второ, светот да споделува заштитна опрема, кислород, тестови, лекови и вакцини, вели Тедрос Аданом Гебрејесус – Генерален директор на СЗО.

Спас од тешка бол ест поради делта сојот или евентуален несакан исход се гледа во вакцините. Без разлика на нивото на ефикасност, ниту една вакцина не гарантира оти нема да се заразите, но две дози од било која спасува од тешка форма или несакан исход.

Досега во земјава вакцинирани се околу 228000 граѓани, или околу 12 % од целото население. Доколку се земе бројката од 1200000 полнолетни граѓани, овој процент изнесува околу 19 %