Д-р. Беќаровски со искрена молба до македонските иселеници: Послушајте патриоти

  • By admin
  • јули 2, 2021
  • 0
  • 5614 Прегледи

Како што беше најавено денес, Комисијата за заразни болести на следниот состанок ќе разговара за опасноста од делта-сојот и заштитат на границите со евентуално воведување тестови.

Дали поради ширењето на делта-сојот на корона вирусот ќе се воведат некакви рестрикции ќе се разговара на состанокот на комисијата в понеделник.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека иако дел од членовите се на одмор, веќе се анализира и се истражува за овој вид и мислењата на членовите на Комисијата ќе бидат слушнати в понеделник.

Во моментов само за патниците од Индија важи мерката 14- дневен карантин. За останатите, влезот не е условен.

Се наоѓаме во лето, период кога традицонално голем број македонски иселеници се враќаат во родните краишта на годишен одмор.

Докторот Нико Беќаровски од клиниката за токсикологија на својот профил на фејсбук се огласи и напипша:

Послушајте патриоти…..Најголем патриотски гест на сите наши иселеници кои летово ќе си дојдат дома е претходно да се вакцинираат, или да направат барем еден тест за ковид-19, 24 часа пред да тргнат на пат.

Се друго е демагогија и квазипатриотизам.П.С. за свадбите на затворено веќе се Ви кажа мојот почитуван колега Никола Пановски.