Како што е познато Регулаторната комисија за енергетика синоќа на полноќ ја објави новата цена на горивата.
Со измените во правилникот за формирање на цените, се овозможи регулаторна да носи одлуки и на дневно ниво, доколку берзанските цени имаат значителни промени, односно ако берзанските цени или курсот на доларот предизвикаат зголемување или намалување на цената на горивата од најмалку 2 денари.
Малопродажните цени на бензините еуросупер бс-95 и еуросупер бс-98 се зголемуваат за 3,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 8,50 денари/литар, соопшти РКЕ.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (Ел-1) се зголемува за 6,50 денари/литар.
Малопродажната цена на мазутот м-1 нс се зголемува за 4,846 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,165 ден/кг.
Се наоѓаме во најдинамичната недела со најголем број на флуктуации на дневна основа на берзата на нафтените деривати особено на дизелот што се рефлектираат на крајната цена на дериватите што ги плаќаат крајните купувачи во земјава, порачуваат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Токму затоа, додаваат, вчера донеле одлука за намалување на маржите за трговците за 33 отсто, односно од 4,5 на 3 денари за литар за да се амортизира крајната цена.
Докторот специалист по токсикологија, Нико Беќаровски на својот профил на фејсбук сподели статус во кој што вели:
Денес бензинот во ЕУ е убедливо најефтин во првиот сосед на Русија, Полска. Со нето просечната плата во Полска (1200€) денес ќе купите ~1000 литри бензин.
Со нето просечна плата во Македонија денес ќе купите ~330 литри бензин. Полјаците на работа одат со јавен превоз, македонците секој со своја кола.