Драган заштедил 7.000 евра на греење – сите му се потсмевале а сега му се восхитуваат на тоа што го направил

  • By klaster2
  • јануари 14, 2022
  • 0
  • 122 Views

Грејната сезона е во полн ек, ги затоплуваме домовите на најразлични начини. Најзастапен начин на греење се дрвата, но во последно време климите доаѓаат до израз.

Можеби затоа што греењето со клима е почисто, од аспект што не треба да мислиш на цепење, пренесување, редење дрва и правење прашина од истите.

Но како што велат и многумина како што ке те стоплат дрвата, климата и другите начини на топлење, како што се и пелетите не можат.

Сепак од соседна Србија ни доаѓа уште еден начин на греење, нов метод кој кај неговите соседи наидел на потсмев но сега ситуацијата е поразлична.

Драган Тодоровиќ од Љубиниќ е пионер во греењето на биомаса во неговото село и неговата околина. За четири години неговото семејство заштедило 7.000 евра за парно.

Како што вели тој, засега нема подобар и поевтин начин на греење. На овој начин Тодоровиќ го поминува домашниот буџет со 20 евра месечно, а домот секогаш им е топол.

Драган со помош и поддршка на семејството во 2017 година направил котел и почнал да се грее на биомаса. Оттогаш тој користи бали со остатоци од жетвата како извор на енергија, објавува ,,РТВ Маг”.

Драган вели дека на почетокот во селото го исмевале, но дошле неговите пет минути и им одржал вистинска лекција на сите околу него.

Сега дојдоа моите 5 минути… Со оваа цена на парното сега се покажа како економски најисплатливо… Што велат сега?

Молчат и проголтнуваат“, вели Драган и додава дека само петмина од Србија дошле кај него да го видат бојлерот и да видат како го направил тоа.

Ова семејство се греат на биомаса и единствено, вели Драган, треба да ставите бала во котелот неколку часа. Тој вели и дека во Војводина видел дека на нивите повеќе нема остатоци од жито

И дека луѓето масовно се префрлаат на биомаса. Додава дека непречено може да загрее 400-500 метри квадратни и дека во неговата куќа постојано се 25 степени на минус 10.

Со децата го направи котелот за неполна недела, а математиката е едноставна, ставаш бала, ја па лиш со запалка и готово – една бала 2 часа, две бали 4 часа, вели тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *