„Драгане ако не го исчистиш станот ќе повикаме полиција“- предупредувањето на станарите стана хит на социјалните мрежи

  • By klaster1
  • јули 9, 2021
  • 0
  • 7843 Прегледи

Станарите на зграда во Нов Белград го предупредија својот сосед дека ќе го пријават во полиција доколку не го исчисти станот итно!

Тие објавија предупредување на влезот во зградата и со тоа недвосмислено му дадоа до знаење на соседот дека повеќе не сакаат да ја трпат неподносливата смрдеа што, според нивните тврдења, произлегува од неговиот стан.

– Сакаме да ве предупредиме дека ќе ја повикаме Комуналната полиција доколку во следните неколку дена не преземете сериозно чистење.

– Бидејќи од вашиот стан се шири многу голема неподнослива миризба, се вели во предупредувањето на собранието на станари кон својот сосед Драган.

Коментарите на социјалните мрежи само се редат:

– Секоја зграда има по еден Драган и никому ништо … Тука нема помош – напиша еден корисник.

Повеќето се убедени дека дури и Комуналната полиција не може да им помогне на станарите да го решат проблемот со несовесниот сосед.

– Ќе добиете одговор дека полицијата и инспекцијата не се надлежни затоа што тој може да изгради депонија во неговиот стан ако сака, а од смрдеа не се уми ра.

– Сличен проблем имавме и со сосед од чиишто стан излаваа многу бубачки, а тој не сакаше да го пушти тимот за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Тимот поминува низ сите станови и подруми, но не и неговиот стан, а за еден месец целата зграда повторно ќе има бубачки, вели еден сосед.

– Во нашата зграда во Звездара состојбата е иста веќе 20 години со две жени во стан во кој седат а не е нивен.

Нема услуга и институција со која не сме контактирале, но не сме успеале да сториме ништо! Им одиме на врата, секако двете не ја отвораат вратата, и се свртуваат и заминуваат …

И ние живееме во неопислива смрдеа, незнам од кога вака ќе се издржи, но живеењето во стан е такво, секогаш ќе има некој обратен.