Доктор Александар го напуштил градскиот метеж и се преселил на село каде се грижи за 70 овци

  • By klaster1
  • јули 4, 2021
  • 0
  • 1668 Прегледи

Триесет и осумгодишниот ветеринар Александар го заменил градскиот живот во Белград за тој во Сопотница, правејќи многу за подобрување на расниот состав на говеда.

Тој инвестира во ова село, но и за зголемување на добитокот. На изнајмениот имот тој се грижи за околу седумдесет овци од Сјеница.

Од првото јагне за кое се грижи уште како средношколец на одмор во Сопотница, Александар води евиденција за сите овци, ги знае нивните имиња и го следи животниот циклус.

Бидејќи се преселил од Белград, како ветеринар, води евиденција за секој член и цело стадо, кои се сè побројни, благодарение на него, велат мештаните, пренесува ,,РТС,,

„Ако тој не го евиденитра, го евиденитрам јас, па кога кравата ќе роди теле, се пишувам, јас се ангажирам за се да е под конец , вели соселанецот Љjубиша Тмушиќ .

Драгана Јанјушевиќ пак вели дека ветеринарот е тука за нив во секое време. „Го зголемивме бројот на говеда, овци и крави, го зголемивме приносот на млеко, го подобривме квалитетот на месото, буквално сè“, вели Драгана.

– Животот на село, те исполнува, ваква природа, мир, неможеш да пронајдеш никаде, во градот може само да станеш робот, додава таа.

“За мене беше важно прво да го подобрам расниот состав на говеда, така што луѓето да не ги продаваат говедата поради загубата, туку да имаат добро сработен план, мислам на долгорочен план.

Мојата цел беше да задржам што е можно повеќе глави и да вклучам квалитетни бикови , Германски, австриски, што ќе даде добри резултати на ова поле “, вели Александар.

Клучно е да има добра разработена програма, додава Александар, поради што сите параметри на една глава се следат со генерации, едуцирајќи одгледувачи на добиток при примена на највисоките стандарди во одгледувањето овци на неговата фарма.

„Имам план и желба и се надевам дека тоа ќе се случи и дека ќе создадам нова раса што ќе се вика придружна овца“, вели Александар.

Тоа е долго и скапо патување, од кое тој нема да се откаже, вели Александар. Локалните жители, кои подолго време се без ветеринар во селото, ја ценат подготвеноста на Александар да дојде на помош во секое време од денот и ноќта.