Додека разнесувал пратки поштарот Далибор се сретнал со мечка: Трчав колку нозете ме држеа

  • By klaster1
  • јуни 12, 2021
  • 0
  • 498 Прегледи

Вистинската др ама се одвивала во селото Врлетница во подножјето на планината Голија близу Ивањица. Поштарот, Далибор Пантовиќ, се сретнал со мечка лице в лице, додека тој бил на работна задача, додека одел во домаќинствата на шумскиот пат да ја достави поштата.

“Слушнав шушкање во шумата, кога погледнав во таа насока мечка излезе пред мене. Сива, средна големина. Отпрвин се пресеков целосно, од страв почнав да викам гласно и да повикувам помош”, – вели на ,,РИНА“ Далибор.

Токму тука била грешката, затоа што мечката го сватила поштарот како потенцијална опас ност и зачекорила бргу кон него.

“Беа неколку секунди, почнав да трчам толку брзо како што ме носат нозете, не се ни вртев повеќе. Тоа чувство не може да се опише со зборови, не стоев додека не истрчав до првите куќи.

,, Само тогаш се свртев и видов дека ја нема позади мене. Седнав со локалното население, ми дадоа вода и шеќер да се вратам во нормала.

,, Само размислував како јас извадив жива глава. Се смирив, но колку брзо трчав имам голема бол ка во мускулите “, вели Далибор.

Планината Голија е позната како живеалиште на мечки, па самиот Далибор шетајќи низ планинските села, честопати имал можност да види отпечатоци од стапалата на мечки и траги на земјата, но тој никогаш не го сретнал ова шумско животно лице в лице.

Како што вели ова искуство никогаш нема да го заборави и му е една од најголемите случувања во неговата кариера, која ќе се преракажува сигурно уште многу долго.

Очигледно, овие животни станаа прилично слободни кога станува збор за движење и приближување кон населените места близу.

Откако се разбудија од сон на почетокот на оваа година, мечките веќе неколку пати се сретнаа со жителите на одредени села околу Нова Варош, Топола, jиг и сега Ивањица.