Додека другите жени добиваат цвеќе таа доби трактор: Ивана ги работи и најтешките работи на нива

  • By klaster3
  • април 1, 2022
  • 0
  • 593 Views

Одгледувачите на малини веќе се во своите овоштарници каде што ја вршат својата прва пролетна работа, надевајќи се на добра сезона.

Но, годинава сонцето ги огреа и пред јули, кога жетвата е во полн ек, бидејќи во општина Ивањица пристигнаа нови трактори.

На сопствениците им беа предадени клучевите за 12 земјоделски машини, а преку Проектот за конкурентно земјоделство што се реализира во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Светска банка ќе бидат предадени вкупно 82.

– На село секогаш има многу работа. Покрај малини, имаме и површини под компири и жито.

Отпрвин чекав мажите да ги завршат тие потешки работи, но потоа се решив сама да го совладам ракувањето со тие машини.

Без трактор на село си како без кола во град, само со него можеш да влезеш во нива со компири или малини и да ги обработуваш за да бидат плодни.

Тоа што добивме трактор преку субвенции ни е од голема корист, никогаш не би можеле сами да го купиме – вели вредната Ивана Пантелиќ од село Брезова за Прва.рс.

– Пред десетина години немавме средства ниту да купиме резервни гуми за нашите трактори, условите беа претешки и затоа излеговме на улица.

Сега условите многу се сменија, конечно најдовме компромисно решение со министерот и неговите соработници. Знаеме дека веќе не сме сами и имаме поддршка.

Благодарение на добрата соработка, вложениот труд и ваквите субвенции, имаме со што да ја обработуваме земјата и затоа должиме голема благодарност бидејќи на тој начин се спасија многу производители на малини – изјави Добривоје Радовиќ, претседател на Здружението на малини на Србија.

Од 2017 година до сега, според уредбата на ресорното министерство, во Ивањица пристигнале 100 нови трактори, што е „ветер во грб“ за сите земјоделци.

Ова не е крај, бидејќи новите машини ќе ја вршат работата и во наредните години. Ивањица треба да добие повеќе од 200 нови трактори, кои луѓето ги купиле со помош на субвенции.

За да можат тракторите добро да работат и да служат долго време, новите сопственици ги осветија пред да ги стартуваат и со нив отидоа кај малините или на нива.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.