Добро се заработува: Објавено колку всушност е платата во Швајцарија за работата што ја работат и многу Македонци

  • By admin
  • март 4, 2022
  • 0
  • 382 Views

Општо познато е дека Швајцариај е дом на многу Македонци кои низ годините наназад се решиле да се иселат таму во потрага по подобар живот.

Многумина од нас во разговор со некој наш познаник кога го прашале што работиш во Швајцарија, тој одоговорил чувам деца, работа која и тоа како добро носи заработка.

Имено според истражувањата во Швајцарија, многу родители поради нивното работно време се принудени да ангажираат бебиситерки кои ќе ги чуваат нивните деца.

Тарифата за ваквите услуги е различна во секој кантон на Швајцарија. Па така, најскапо плаќаат родителите кои живеат во Цуг, каде просечната плата на една бебиситерка е 22.90 франци по час. Во Тургау саатнината изнесува 21,60 франци, а во Луцерн 21.30 франци.

Од швајцарските кантони каде се зборува француски, најскапа е Женева каде еден час во просек чини 16.20 франци. Во кантонот Нојшател таа бројка изнесува 15,20 франци, а во Вауд 14.90 франци.

Бебиситерките во кантонот Јура се најмалку платени и заработуваат по 11,30 франци од час.

Ваквата разлика на цените меѓу кантоните, се јавува заради различните опции кои ги имаат родителите. Имено, во некои области постојат поголеми можности за згрижување на децата во различни институции, па таму често бебиситерките не се потребни.

Исто така, мора да се земе предвид дека во некои кантони, семејствата често ангажираат бебиситерки од странство кои ги плаќаат помалку. Таков е случајот со областа Романди.

Освен тоа, недостатокот на центри за згрижување на децата, како и зголемување на бројот на жени кои работат, се две главни причини поради кои цените за бебиситерки се зголемени во последните неколку години.

Студија на Јопиес покажа дека бебиситерките во Швајцарија се најплатени во Европа, а по нив следат Велика Британија со просечна заработка од 14,50 франци на час, додека пак на третото место се најде Франција, каде саатнината на бебиситерките изнесува 9.28 франци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.