Во соседна Бугарија се регистирани 6.007 нови случаи на коронавирус и 310 упо коени во изминатите 24 часа, што се нови рекордни дневни бројки од почетокот на пандемијата.
Паралелно со најниската стапка на вакцинирање, Бугарија во изминатите две недели ја има и највисоката стапка на упоко ени од ковид-19 во Европската Унија.
Во бугарските болници моментално се сместени над 8.000 ковид пациенти, од кои 669 на интензивна нега. Бугарија денеска ја надмина бројката од вкупно 24.000 упоко ени од ковид-19.
По релативно мирното лето, Бугарија оваа есен е погодена од нов силен бран на пандемијата, што, според здравствените власти, се должи на ниската доверба на јавноста во вакцините, при што секој четврти возрасен жител е вакциниран.
„Моментално се соочуваме со еден од најтешките периоди од почетокот на пандемијата. Исцрпени сме до крајните граници“, изјави Георги Георгиев, шефот на одделот за интензивна нега во централната болница во Софија.
Од бугарското Министерство за туризам велат дека засега не е потребен зелен сертификат за влез во скијачките објекти и другите ресорти за зимски туризам
Наскоро се очекува да започне зимската туристичка сезона во Бугарија ,без зелен сертификат како услов за влез во скијачките капацитети, се вели во соопштението на бугарското Министерство за туризам.
Министерката за туризам Стела Балтова на онлајн средбата со претставниците на ски-центарот во Бугарија ги презентираше и правилата за спроведување на епидемиолошките мерки во зимската туристичка сезона 2021/2022 година. години и разговараше за здравствениот протокол кој беше изработен за претстојната сезона.
Носење заштитни маски во сите објекти, регулирање и контрола на протокот на гости во хотелот и поставување информативни табли, како и јасно дефинирани правила за гондоли и жичарници се само дел од точките на кои се разговараше на состанокот.
Општо познато е дека многумина Македонци во период на зима заминуваат во соседна Бугарија на зимување или викенди во некој од познатите туристички места како Банско и Боровец.