Диџеј Мац: Ја изгубивме среќата, чувство за стварање семејство и чувство за почит кон луѓето

  • By klaster2
  • јуни 21, 2022
  • 0
  • 440 Views

Диџеј Мац како што е познат во јавноста и на професионално поле или Марјан Петровски е еден од нашите јавни личности кои често се огласува на социјалните мрежи и без да трепне се што му лежи на срце искажува.

Марјан Петровски е човек со големо срце кој покрај музиката е познат и по хуманите работи и знае да помогне таму каде што е најпотребен.

Мац има учествувано во многу акции за собирање храна, и има пуштано музика на многу хуманитарни забави. Диџеј Матс инаку по професија е лаборант.

Па така во време кога запра музичките настани тој потполно и се посвети на таа професија, а сега полека но сигурно се враќа на музиката.

– Прво да кажам дека е многу тешко да се посвети исто внимание и на музиката и на работата што ја работам, односно работата во болница, изјави од неодамна тој во едно гостување.

– Дневно и јас не знам по колку литри земам од најзначајната течност а потоа одиш на настапи. Еве на пример на настап сум до 4 часот по полноќ.

– Додека да си дојдеш каде и да си низ Македонија ќе те фати најмалку пет ипол. Јас многу малку спијам и фала Богу не ми пречи тоа.

А во последното излагање на социјалните мрежи тој постираше фотографија од стара куќа и направи споредба за времето некогаш и сега.

– Во времето живееле во село, во вакви куќи, јаделе леб, сиренце и домат, сите имале по 5,6,7 деца и биле среќни и задоволни сите.

– Денес живееме во убави куќи и станови да не речам и во палати, јадеме убави јадења, да не речеам специјалитети, но ја изгубивме среќата, чувството за стварање на фамилија и чуство за почит кон луѓето.

– На крај сите после се чудиме каде заминал светот, каде ни заминуваат младите, зошто? Општествениот живот е причина, почитта кон ближниот свој и среќата.

– Сите горе- долу имаат пари за еден скормен живот, но не се среќни во ова опшество, не се почитуваат доволно, секој ден ние трка со животот. Ете затоа потиштени се, вели за крај Диџеј Мац.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *