Димче: На сопругата не и се веруваше, но дојде и таа во Берлини и остана без зборови

  • By admin
  • мај 28, 2021
  • 0
  • 3162 Прегледи

Моето име е Димче и имам 33 години. Моментално живеам и работам во Германија како и многу други Македонци. Се преселив уште пред 10тина години кога за првпат почнав да работам тука.

Знаете како е кај нас, беспарицата нè тера на сè, па дури и да си го оставиме семејството дома. Немав избор и ги оставив сопругата и малото дете за да заминам на сезонска работа во Германија.

На почетокот одев на секои 3 месеци, но потоа кога видов дека убаво се заработува останував на поддолговреме. Се случувало и по една година да не се враќам дома.

И покрај убавата зараборувачката сопругата уште на почетокот беше против моето заминување. Не знам зошто, но многу се плаши од промени и не сакаше да одам сам и да ги оставам.

Ме убедуваше да останам и да живееме со толку пари колку што имаме, ама јас не ја послушав. Воопшто не се каам за мојата одлука, а богами веќе ни таа.

Јас живеев сам во стан, успеав да изнајмам широк стан во кој можевме да живееме сите, но таа во првите години не сакаше да дојде. И кажав дека и најдов работа, имам познати пријатели насекаде, детето ќе го запишеме на училиште, сè што сакаат ќе имаме, но беше одлучна дека нема да дојде.

Дури ни на гости не сакаше да дојде. Јас навистина увидов дека животот тука е поубав, од ништо не сум скратил никогаш, имам време и да прошетам со некој пријател, па тука има толку многу места што нема толку време за да се видат.

Луѓето долу си мислат дека ние само на работа одиме и дома седиме, немаме време за ништо. Не е така, се има време за cè, само треба да знаеш да го организираш.

Најубаво ми е кога со колеги и пријатели Македонци ќе се собереме во некој парк или во нечиј двор и ќе се поднапиеме, ќе правиме скара, ќе се дружиме, тоа се непроценливи моменти.

Барем за нас Македонците важи дека сме многу дружељубиви и се вклопуваме во секоја средина. Сопругата не веруваше, постојано ми се противеше, ми зборуваше да се вратам дома не лиќело на ништо сам да седам таму и да се дружам со пријатели.

Е сега да ја прашам дали истото го мисли.. да има како уште веднаш би дошла, така ми вели. Откако ни се роди и второто дете таа немаше веќе излез – не сакаше сама да го расте и другото дете, јас ги посетував но пак поретко.

Виде – не виде дека јас не се враќам во Македонија, мораше и таа да дојде. Почека да наполни барем две години и заедно тројцата конечно дојдоа на посета.

Кога дојде и виде навистина како сè е средено и навистина убаво се живее, се покаја што воопшто не сакала да дојде. Бараше секаков начин за да може да се пресели заедно со децата.

Јас имав документи и можев и на нив да им средам за престој, па следниот пат се преселија конечно. И најдов работа на сопругата и веднаш и се смени мислењето кога по првиот месец си зеде убава плата.

Помалиот го пративме во градинка, а големиот на училиште. Еве до денес уште сме тука и сме преселени во друг стан. Дури сега сопругата ги прави сите планови за живот.

Многу е задоволна и сега не и недостасува Македонија. Сега им препорачува на сите млади луѓе да не се колебаат ако имаат можност да заминат во странство.

Убаво се заработува, се работи како и долу, но барем ценет и платен е трудот. Таму ни факултетската диплома не вреди колку обичниот работник тука. Сега се трудиме сите блиски роднини и пријатели кои сакаат да работат тука да ги снајдеме.

Обработил: Д.С. Фото: Илустрација.

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од Кластер.