Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ откри која му е најпривлечна политичарка

  • By klaster1
  • мај 22, 2021
  • 0
  • 530 Прегледи

Портпаролот на ВМРО- ДПМНЕ, Димче Арсовски беше гостин во емисијата ,,G-Carpet,, каде гледачите можеа да го видат во сосема друг аспект, и не толку строг, во едно опуштено издание, и насмевка, каде беше угостен од Миро и Ведрана.

-Среќно сум оженет чекаме детенце, сопругата е струмичанка, со неа се запознавме во Скопје. Минатата година се регистривме и организиравме мала прослава.

-Но мерките и рестрикциите не дозволуваа многу луѓе па така сега се надеваме дека до крајот на оваа или следната година ќе направиме свадба заедно со крштевката на детето.

-Јас откако дојдов на оваа функција и тоа доста млад 26 години добив совет од постарите да не се менувам и да бидам баш истиот, воопшто не сум променет.

-Нормално во аспект на сериозност ме промени и тие некој навики што ги имам, станав посериозен човек.

Имаше еден немил настан, ми ја скршија колата, тоа е политички испланиарно, но кога станува збор за Макеоднија и политичарите тука тоа е сосем нормално.

Низ разни навреди и пишување, но тоа не додирнува до мене, тоа го прават бидејќи тоа им е работа. Јас цврсто стојам на моите ставови.

Тој заедно со Миро во емисијата ја играа играта ,,Вистина или Предизвик,, и одговараше на многу прашање и доста незгодни.

На прашањето која му е најпривлечна политичарка одговри, Мери Младеновска која инаку му била братучедка.

Потоа истакна дека никогаш со никој се нема физички пресметано во животот и дека единствени пресметки му се политичките.

Додека пак за нај здодевен политичар би го издвоил портпаролот на ЛДП, алудирајќи на Миро Кацаров. Кога би бирал помеѓу Никола Груевски и Христијан Мицкоски, би го избрал Мицкоски бидејќи моментално соработува најмногу со него и се поблиски.