Димитар Апасив: Ами сеа бе, шу праиме

  • By admin
  • април 27, 2021
  • 0
  • 16305 Прегледи

Пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов се доста активни на социјалните мрежи, па така беше и денес.

Крмов на својот профили на фејсбук сподели статус во кој што вели:

-Еве како се работи во Собрание: Прво, надополниле протокол за Конститутивна седница, а требало да направат нов. Зошто? Бидејќи, не се сите седници Конститутивни и КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА Е ЗАВРШЕНА. Надополниле нешто што завршило!?

Второ, надополнувањето е само еден обичен текст. Не е наведено каде, во кој член, кој став и што треба да се надополни. Какво е тоа надополнување? Лаици ги знаат овие работи.

Трето, делот „КОЈ НЕ Е ПОЗИТИВЕН НА COVID-19“ НЕ Е ТРГНАТ СО КОНФУ ЗНОТО НАДОПОЛНУВАЊЕ! Во новиот текст тој дел е испуштен, но ВО ОРИГИНАЛНИОТ ТЕКСТ СТОИ.

А и без тоа „самоизолација“ се однесува за луѓе кои дошле во контакт со болни лица а не за позитивни. НИКАДЕ ВО ТЕКСТОТ НИТУ ВО НАДОПОЛНУВАЊЕТО НЕ СЕ СПОМЕНУВААТ ЛИЦА ПОЗИТИВНИ НА Ковид 19.

Четврто, протоколот со потпис од д-р Жарко Караџовски го нема. Протоколи носи Комисијата за заразни болести, а не Собранието. Без тој протокол излегува дека собраниските служби и претседателот Џафери, сами ги имаат составувано протоколите и имаат изигравано доктори.

А ако сепак Караџовски ставил потпис на ваков нестручен и нелегален документ и тој подлежи на кривична одговорност.

Петто, одлуката на Собранието за овој протокол НЕ Е ОБЈАВЕНА ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК. За разлика од Собранието, Владата има преку 80 слични одлуки со протоколи од Комисијата за заразни болести и сите се објавени во Службен весник. Наздравје.

Оваа објава ја сподели Димитар Апасиев на својот личен профил и напишаа:

Шо би рекол спикерот Талат Џафер „цел ден ми тупиш тука со ПРОТОКОЛОТ, та ПРОТОКОЛОТ“

Епа, ај баш да видиме шо вика Протоколот… Еве, јасно си пишува дека се однесува само на [суспектен] пратеник во самоизолација, кој „не е позитивен на COVID-19“!!! Ами сеа бе, шу праиме?