Дејан од Скопје стравува дека ќе остане без својата куќа – бара помош од надлежните

  • By admin
  • јуни 29, 2021
  • 0
  • 7171 Прегледи

Дејан Лазиќ од скопската населба Хром се соочува со фактичката состојба  – половина куќа половина зграда од 5 ката,

Дејан живее во куќа која е единечна конструктивна целина на две семејства, со кого ги делат темелите, потпорните ѕидови, серклажите и меѓукатните конструкции.

Комшијата дал амин да никне зградата, но Лазиќ се противи бидејќи стравува од рушење на неговата куќа кога ќе почне да се гради.

Според Лазиќ, општината ангажирала планерска куќа за да ги задоволи потребите на инвеститорот на сметка на комуналии. Во процесот на носење на урбанистичкиот план, тврди Лазиќ, дека општината заедно со планерската куќа направиле пропусти и овозможиле реализација на урбанистички план без да се направи анализа на конструкцијата на објектите.

Од општина Ѓорче Петров со спротивен став, тврдат дека при носењето на планот запазени се сите процедури и дека биле направени сите анализи, ги евидентирале постојните градби и нивниот конструктивен систем.

Но, сепак од општината појаснуваат дека немале пракса да излегуваат на терен за конкретни објекти, како што е случајот со Лазиќ кој тврди дека не е направена инвертаризација, а за што од општина велат дека:

„Посета на поединечни објекти не е вообичаена пракса, а воедно и не е (и не било) обврска согласно пропишаната содржина на урбанистичките планови со Законот за просторно и урбанистичко планирање и подзаконските акти кои произлегуваат од него“.

За случајот со Лазиќ информирани се сите надлежни институции, меѓу кои и Министерството за транспорт и врски.

Според планот на општината, на локацијата каде живее Дејан Лазиќ планира да згради гради. И додека адвокатите на Лазиќ засукале ракави и водат битка, општина Ѓорче Петров веќе добила идеен проект од инвеститорот, но не и основен проект.

Сепак одлуката дали ќе никне зградата кај комшијата на Дејан Лазиќ е во рацете на општината која ако наплати комуналии следна фаза би била потпис на градежна дозвола.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Телевија 24.