Денко Космонаутко: Најмотивирачките пораки која ми пристигна и ми стопли душа и срце

  • By admin
  • јуни 27, 2021
  • 0
  • 591 Прегледи

Денис Јанкуловски, медицинскиот техничар кој ги освои срцата на многумина прво со земање брис, а потоа и со вакцинацијата сега поради здравствени причини мора да одмара.

Поупларниот Денко Космонаутко е активен на социјалните мрежи и известува за својата состојба, а пред некој ден напиша:

Од дневникот на Космонаутко или “Idem kući kume, dosta je”

5 дена во Градска болница (онаа центарската, јас уште си ја викам Градска :)). 5 дена за чиста 5ка за прием, однос, третман од целиот персонал.

А тек каква супа имаат, абе прсти и лажица да излижеш. Не можам никого посебно да издвојам затоа што сите овде се ФанТасТичНи.

Во секој случај најбитното е што се реши проблемот, со што уште еднаш се покажа дека здравјето е на прво место, дека треба да го слушаме организмот и најмалите сигнали да ги третираме за озбилно а не секогаш да си наоѓаме “логични” одговори. Ова особено важи за луѓе како мене кои се 50 годишни младичи.

Почитувајте го своето здравје, не дека треба на секое да трчаме по болници но и да не ги занемаруваме сигналите.

Ви благодарам на сите за ОГРОМНАТА поддршка, енергија и љубов што ми ја праќавте и се уште секојдневно праќате, ве сакам и гушкам.

Вистинскиот одмор допрва почнува и ќе потрае. Набрзо повторно ќе се дружиме утрински само да бидам во целосна форма, зошто инаку не можам квалитетно да упропастам песна, може да ја утнам и да ја погодам.

Гуш и бац мои драги мои мноштво накај милион пријатели од Денко Космонаутко

Тој добива пораки за поддршка и брзо закрепнување од сите страни, а една од нив реши да ја објави на својот профил на фејсбук:

-Една од најмотивирачките пораки која ми пристигна и која ме стопи, ми стопли душа и срце. Елан за побрзо враќање на космонаутскиот колосек и што побрза безгрижност на моите најдобри другарчиња – децата.

За нив, за сите вас…. Најгуш и најбац

“Добар ден Денис.Ти испраќам безброј МОЛИТВЕНИ поздрави и ТИ посакувам што побрзо дазаборавиш на она што поминало и собирај сила за она што те чека ,бидејки децата од мојата улица во групи се собираат и разговараат како КОСМОНАУТКО бил болен и неможат да го гледаат.БИДИ СИЛЕН ДЕНИС. Поздрав.”