Денес е познат македонски пејачи, а во минатото работел како келнер во Грција

  • By admin
  • мај 31, 2021
  • 0
  • 512 Прегледи

Популарното музучко дуо ДНК деновиве повторно е во центарот на вниманието, а причината е промоцијата на новата песна.

Пред претстојното прво учество на Македонската фудбалска репрезентација на некое големо натпреварување, ДНК, вчера ја промовираа новата навивачка песна.

Истата е со наслов „Македонија на Европско“ и претставува втора песна после веќе промовираната навивачка химна во изведба на „Вис Рисови“.

„Драги наши, “МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКО” е тука!! Песна што ја посветивме на нашите фудбалски репрезентативци кои се нашите херои! Благодарност до сите учесници“, стои во објавата на ДНК на социјалната мрежа Фејсбук.

Македонија на 13 јуни против Австрија во Букурешт го играат дебитантскиот натпревар на големите европски натпреварувања.

Кога сме кај еден од членовите на дуото, за Андреј не е толку познато дека тој во минатото работел друга работа пред да започне сериозно со музиката.

Андреј во едно неодамнешно интервју проговори дека почетоците не му биле нималку лесни. Имено тој откри дека за да заработи бил приморан да замине од Македонија, но не како музичар, туку како угостител.

„Во далечната 2004 година како ДНК имавме издадено само неколку песни како: „Пази дете“, „Благодарам однапред.Искрено, тоа беше период каде што стагниравме со Панчо од музичката сцена поради тоа што немавме доволно песни и хитови за да направиме концерт и да настапуваме низ земјава“, вели Андреј и продолжува:

„Па зарати таа ситуација, бев приморан да заминам во Грција и да работам како келнер во еден хотел“.

Во продолжени откри како се вратил, поточно поради што во Македонија:

„Сепак изумив дека тој период имав снимено песна со Врчак – „Во твоето срце“ и еден ден додека си работев во најголемата гужва, сред сезона, добив повик од Врчак.

Тој ми кажа дека закажал промоција на албумот и песната другиот ден. Кога му кажав каде сум и што правам, ме натера да се вратам уште истиот ден, се со цел да присуствувам на промоцијата, но и да почнеме сериозно да работиме на нови песни и проекти.

Практично, тоа беше моментот каде и започна приказната со „ДНК“ и Врчак и тоа беше еден од најубавите периоди од мојот живот“