Дедо Фрањо има необично хоби – во својата куќа направи музеј од над илјада видови секири

  • By klaster1
  • мај 24, 2021
  • 0
  • 333 Прегледи

Луѓето собираат разни работи, но ретко кој може да се пофали со колекција како онаа на Фрањо. Со децении, Фрањо Тот собирал секири, чекани и други рачно изработени предмети на рамнините на Војводина.

Тој ги наоѓал на парцелите низ целото село Бач. Подоцна ги зачувал сите во еден вид музеј во неговата куќа, па така секирите за месо, мраз и дрво ги наполниле полиците и гаражата како експонати.

– Некои сакаат риболов, некои сакаат велосипедизам, а јас сакам да собирам стари секири и други предмети. Броев до илјада, кога ја надминав таа бројка престанав да бројам.

-Почнав да ги собирам пред десет години. Секој знае дека се занимавам со тоа и ми го донесоа од сите страни не само од Војводина, туку и од цела Србија.

– Ромите ми донесоа многу предмети затоа што знаат дека сум љубител на оние уникатни изложби, кои ретко се интересни за некого – изјави Фрањо Тот за ,,РИНА,,.

Кога некој е колекционер и е на прагот да добие таков предмет тој не пита за сцена, па така и Фрањо, кој има предмети стари и со векови, кој му се најмили.

– Имам секира во мојата колекција што случајно ја најдов во ѓубре, а врежана е и година на производство 1902 година. Да не дојдеше во мојот музеј, веројатно ќе завршеше во топилница, каде што ќе се стопи и исчезне.

– Имам и секири специјални и раритетни со кои селаните ги сечеле гредите кога се граделе куќите. Тие имаат малку закривен агол, така што рацете се потполно заштитени.

-Денес, малку ковачи можат да направат добра секира, такви досега имам пронајдено колу десетина – вели Тот.

Фрањо не застанал да собира само секири, туку преминал во својот музеј на неколку полици со чекани од 100 грама до 15 килограми.

одел и до најодалечените села само за да го добие тоа што го посакува па дури и Смедеревска Паланска да го донесе еден од најголемите чекани .

– Имам многу алатки во мојот музеј, од машина за сено од 1864 година направена од ковано железо со врежани детали, за што морав неколку пати да одам кај сопственикот.

-И тогаш го убедував да ми го предаде на мене. Имам метални секачи за сено, рачна изработка стара над два века која сè уште е во функција – вели Фрањо.

Годишно низ овој уникатен музеј поминуваат околу илјада туристи, кои од љубопитност сакаат да видат стари секири на едно место.

Тот вели дека ќе продолжи да ги собира овие експонати на разни саеми и парцели и нема да ги продава додека е жив. Ова големо богатство за него, ќе го пренесе кога ќе дојде време кај неговите синови и внуци.