Дедо Раде на 89 години со својот велосипед појде на пат долг 160 километри

  • By klaster1
  • јуни 10, 2021
  • 0
  • 216 Прегледи

Сведоци сме дека животниот век на луѓето станува се помал и помал, границата се спушта се повеќе и повеќе, реткост е некој да доживеее длабока старост. Начинот на живот, исхраната и многу други елементи се пресудни.

И ако веќе доживеат, луѓето во длабока старост, не се толку моќни, често залегнуваат, и не се многу способни за било каква физичка активност.

Но има и исклучоци, кои пркосат, и прават неверојатни работи во доцните 80, 90те години од животот, еден таков пример ни доаѓа од соседна Србија.

Пензионираниот и поранешен пациент од актуелниот вирус, Радослав Ивановиќ, во својата деветта деценија од животот, возеше велосипед околу 50 километри за да посети пријател од болницата.

Неколку месеци подоцна, тој тргна на патот долг 160 километри кон Пожаревац, каде што се неговите пријатели од армијата со цел да ги посети.

„Ништо не најавив, не сум ги видел од 1954 година. Се надевам дека барем ќе ги најдам нивните наследници“, вели добродушниот дедо пред патувањето.

Тргна на патување во добра здраствена состојба, со голема позитивна мисла, и верба во себе, и покрај товарот од годините на себе.

„Вежбав, цепев и редев дрва, бев во Мартинци, копав во бавчите, бев со пријателите“, ги наведува сите завршени работи и обврски дедо Радослав

Додека се наоѓа на велиоспиедот и ја има таа активност, тој не се грижи толку за здравјето, туку како што вели возењето го одржува.

“Јадев бурек пред патувањето и јадев сува храна додека не се вратив. Можеби некој ќе ме пречека таму за ручек”, признава дедо Раде.